• Latest

Груевски ги плаши луѓето со хомосексуалци и мигранти

October 25, 2017

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Груевски ги плаши луѓето со хомосексуалци и мигранти

October 25, 2017 17:39
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ во општините каде се гласа во втор круг на 29 октомври, држи говори во кои се служи со манипулации и ги заплашува граѓанките и граѓаните со хомосексуалци, двојазичност и мигранти, договорите за добрососедство ги едначи со предавство и користи термини кои до вчера беа користени да се означи неговото владеење. Пренесуваме неколку акценти од неговите говори. 

„Погледнете, ниту се зборува за платите на докторите, на лекарите кои ги ветуваа, ниту за субвенциите на земјоделците, за повисока просечна плата, пак, да не зборувам. Сето ова го заборавија, но не заборавија да склучат штетен договор со Бугарија, со кој што без да го прашаат народот се согласија од откажување од македонското малцинство таму, од македонскиот јазик и од македонската историја. Се согласија да се сменат учебниците од македонската историја и во иднина нашите деца да учат дека Илинденското востание било бугарско, а не македонско, дека  11 октомври не било пукање на првата пушка против фашизмот во Македонија од страна на македонскиот народ, туку идеолошки конфликт меѓу бугарското население во Македонија, меѓу левицата и десницата…“

Никола Груевски бара рефендум, за граѓаните да кажат што мислат за договорот со Бугарија.

„Ова е само предигра. Целта на сето ова што ни се случува е промена на името на државата, јазикот, нацијата, промена на идентитетот. Исто така, во овој пакет кој што тие го нарекоа редефинирање, освен промената на името, идентитетот, освен штетниот договор со Бугарија, се планира и двојазичност на целата територија преку Законот за двојазичност, кој што неуставен, но го туркаат. Планираат исто така, зголемување на даноците, носење на мигранти во Македонија и нивно трајно доселување по нашите градови, давање на државјанства. И се разбира, она за што веќе почнаа да подготуваат терен, а тоа е легализација на хомосексуалните бракови и можност истите да посвојуваат деца…“

На функционерите на СДСМ им порачува:

„Ќе одите со наведната глава, а вашиот товар и срам нема да може да се заборави. Иако имате богати спонзори,  вие ги немате парите со кои можете да го купите достоинството на народот на Македонија. Нема лезет од вас добиен од криминал. Нема аир од функции добиени лажејќи го и притискајќи го народот. Ќе се обратам и до оние кои се уште не се определени, а се загрижени од она што и се случува на нашата држава. Знам дека не ви е сеедно кога гледате што ви се случува и знам дека длабоко во себе ја чувствувате опасноста во која ја втурнуваат овие неспособни луѓе нашата држава. На дел од вас се закануваат, а дел ветуваат се и сешто, а реално нема ништо да остварат…“

„Тие што владеат со криминалци и со корупција треба да знаат дека нема хунта која не била победена од народ. Дека нема помрачување кое не било осветлено од народот, порано или подоцна. Лажеа дека се борат против режим, а тие станаа најголем режим. Лажеа дека нема слобода и демократија, прво нешто што направија кога дојдоа на власт – ја укинаа демократијата. И секој ден, чекор по чекор, ја одземаат слободата. Велеа дека нема независност на медиумите, а прво нешто што направија кога дојдоа на власт, ги уценија газдите на медиумите и ја одземаа нивната независност…“

„За ова ли се бореа? Да има техничка влада пред предвремени избори? Да има премиер, Министерство за внатрешни, за труд и социјална политика, заменици за администрација, за земјоделие? Оваа држава е на овој народ и нема да му биде одземена. Порачувам дека нема да не скршат, нема да не поколебаат, ниту да не уплашат. Заеднички ќе се спротивставиме сите ние, граѓаните на Македонија. Да не дозволиме апсолутна власт во државата, да не дозволиме да станат монарси и шерифи. Да не дозволиме да ги одземат бастионите на ВМРО-ДПМНЕ. Од нас зависи!“

Tags: БугаријаветувањаВМРО-ДПМНЕГруевскидемократијаизбориСДСМхомосексуалцихунта
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ