• Latest

Политичарите се сеќаваат на сиромашните само за време на избори!

October 31, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Политичарите се сеќаваат на сиромашните само за време на избори!

October 31, 2017 13:24
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Сиромаштијата од ден на ден се зголемува, секој петти човек во државата не знае дали ќе има нешто за јадење, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика за 2016 година. Локалните избори завршија, еуфоријата и славјето набрзо ќе поминат, и би требало надлежните институции и одговорни лица да се зафатат со работа и на сиромашните граѓанки и граѓани да им обезбедат подобри услови за живот.

ЦИВИЛ – Центар за слобода во изминатиот период во повеќе општини низ државата се среќаваше со граѓанките и граѓаните, сними повеќе анкети и разговори како со граѓаните, така и со неколку активистите и невладини организации кои се бават со социјалната правда. Заклучокот од теренската работа е дека граѓан(к)ите едвај преживуваат или се заглавени во долгови.

Граѓаните најлесно се манипулираат и лажат за време на изборна кампања. По завршување на изборите тие се жалат дека за нив никој не се интересира. Таков е случајот со едно семејство од Пробиштип кое пред камерата на ЦИВИЛ сведочеше дека едвај преживуваат и дека политичарите се сеќаваат на нив само кога им требаат гласови.

На почетокот на оваа година, камерата на ЦИВИЛ успеа да забележи како властите плаќаат за чистењето на спомениците од проектот „Скопје 2014“, додека низ центарот на градот лежат деца на мраз и картони, кои питачат за да  ја преживеат зимата. Дали новата актуелна власт предводена од СДСМ ќе дозволи да се повтори сликата од претходните години, кога беа ВМРО-ДПМНЕ на власт?

Граѓан(к)ите врз својот грб сѐ посилно ја чувствуваат сиромаштијата. Во Македонија сиромаштијата не познава ниту јазик, ниту нација, ниту вера!

За време на изборна кампања сите политички претставници ветуваа(т) подобар живот за сите граѓан(к)и. Останува времето да покаже дали навистина некој ќе се посвети на решавање на проблемите на сиромашните, или, сепак, ќе остане уште едно изборно ветување?!

Дехран Муратов и Ангела Петровска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: гласовиДСЗлокални изборисиромаштијаЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result