• Latest

Најави за финансирање на Коридор 8

November 24, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Најави за финансирање на Коридор 8

November 24, 2017 06:50
in РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерите и министрите за транспорт на државите од Западен Балкан на 6. и 7. следниот месец на средба со претставници на Светска банка и со Европската инвестициска банка ќе разговараат за финансирање на изградбата на железничкото поврзување на Македонија, Бугарија и Албанија на Коридорот.

Премиерите на Македонија и на Бугарија Бојко Борисов и Зоран Заев по заедничката седница на владите на двете држави во Струмица порачаа дека Коридорот 8 ќе биде приоритет за реализација кој ќе понуди многу можности за соработка и забрзување на протокот на стоки и патници.

„Една од најголемите желби е навистина од Скопје до Софија да не се патува четири- пет часа, туку многу брзо, тоа да биде возможно  како алтернатива по убав автопат или по убава железница. Тоа е Коридорот 8 кој е лепеза на можности за граѓаните од целиот регион„ – рече Заев одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со Борисов.

Според Борисов, интересот да се финансира проектот е многу голем од сите затоа што гледаат дека реално може да се реализира. Тоа, потенцира,  може да се случи со поголем притисок и гарантирано финансирање.

„Со колегите кои ќе дојдат ќе ги стиснеме рацете кој има потреба од финансирање да користи средства од банките и да видиме што би дала Европската комисија и буџетски средства исто така… На 6 и 7 декември ќе бидеме чекор напред“ – рече Борисов.

За железничката линија Скопје – Софија на територијата на Бугарија се готови проектите и, како што рече Борисов, знаат колку ќе чини. На македонска територија се уште не се обезбедени пари за третата делница, од Крива Паланка до границата со Бугарија

Како што информира Заев, најдоцна за шест месеци треба да  се создадат услови за стапување во сила на денеска потпишаниот меморандум за намалени цени во роаминг меѓу Македонија и Бугарија,

„Според законите договорот за роаминг би се реализирал за шест месеци, но верувам во перформансите на двете држави  дека може да го направат и за три, а секако ќе бидам многу радосен дури и ако биде многу порано.  Она што треба да го очекуваат  граѓаните е дека може да се случи и за помалку од шест  месеци. Сето тоа мене многу радува  заради тоа што значи поевтина комуникација,  а кога има комуникација има и бизнис и соработка, размена на култура и  се што важи за граѓаните“ – рече Заев одговарајќи на новинарски прашања.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Бојко БорисовжелезницаЗоран Заевкоридор 8мега-проектСветска банкаСКОПЈЕСофијафинансии
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result