• Latest

Машка Македонија

December 13, 2017

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Машка Македонија

December 13, 2017 16:30
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

На крајот на годината се сведуваат сметки, се рефлектира за постигнатото, се анализираат промашувањата, се завршуваат работи како да нема ден по 1 јануари, се оди по божиќни и други прослави и коктели… Омилена играчка се статистиките кои кажуваат нешто и ништо, а најчесто ништо, бидејќи се наменети за пропаганда или реклама. Вистинските статистики остануваат во фиоките, за да послужат како индикатори во спроведување на план Б, што обично значи спасување на кожата.

Пишува: Џабир Дерала

Но, нема да зборувам за тоа. Еден, навидум спореден податок, ме поттикна да го испукам мојот рафал кон погубните статистики за родовиот баланс во нашето општество. Престижниот американски речник Меријам-Вебстер објави дека зборот феминизам е збор на годината за 2017.

Не мора да е ден на жените за да говориме за неволјите низ кои минуваат во тешкото македонско секојдневие. Со сиот ризик да бидам погрешно сфатен, а уште повеќе, ова да биде уште еден недоволно добро забележан рафал, како што беше случајот со ДИК, сакам уште еднаш, по кој знае кој пат, да грмнам против ужасното малцинство на жени на раководни функции и во политиката.

Во Владата, од 22 министерски позиции, само четири им припаднаа на жени. Во Собранието од 120 пратенички места, 43 се на жени, повторно неприфатливо малцинство. Дисбалансот во локалната самоуправа е уште посрамен, па така, од 81 градоначалнички позиции, само шест се раководат од жени.

Катастрофалната диспропорција во учеството на жените се гледа насекаде. И срамота е да се види колку малку жени се раководителки на институции, установи и јавни претпријатија, на локално и национално ниво. Кабинетите на министрите и други раководни структури се претежно, а често и исклучиво машки друштва.

За жал, промените кои го турнаа криминалниот режим на Груевски, не направија промена во положбата на жената во Македонија. Режимот кој падна манифестираше отворена мизогинија и ја претвори жената во кукла за раѓање, објект кој служи за украс, освен кога служи за тешка и напорна работа во текстилните и другите фабрики, да одгледува деца и да чисти и пере по дома.

Со толку мала застапеност на раководните функции, жените и понатаму ќе бидат дискриминирани при вработување и ќе останат жртви на предрасуди и родово насилство, ќе бидат уназадувани и понижувани. Дали женските организации се доволно гласни или не, во овој момент не е ни толку важно. Изненадува што оваа тема е меѓу последните, а по својата природа е меѓу првите во владините политики и практики. Секаде во светот, наспроти честитките за победата на демократијата и првичните успеси на новата власт, прва забелешка е тоа што маскулинизмот и машката супремација се одлика на Македонија. Барам тоа да биде поинаку!

Tags: балансвладаинституциилокална самоуправаминистерствародови прашањастатистикачовекови права
Share25TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ