• Latest

Борба за воздух!

December 15, 2017
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
Михаил Звинчук

Црна Гора: Приведен Звинчук, шефот на руската пропагандна мрежа „Рибар“

October 9, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Протести во Франција: Образовната криза ги продлабочува судирите меѓу средношколците и власта

October 9, 2026

Банките доминираат на Берзата, каде е остатокот од економијата?

October 9, 2026
фото: ВИ

Државата повторно се задолжи за 150 милиони евра – сметката ќе ја плаќаат граѓаните

October 9, 2026
Ен Карсон (фото извор: Википедија)

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026
Доналд Трамп, 5 октомври 2026, Небраска

(ВИДЕО) Остри реакции на „поканата“ на Трамп до Иран: „Нека го уништат Лос Анџелес, нека го уништат Сан Диего“

October 8, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Два дена, 52 загинати, убиени и пет деца – руски терор во Украина: Прилуки и Краматорск

October 8, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Буџетот не е чекмеџе од кое само се вади, мора и да се става во него

October 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Борба за воздух!

December 15, 2017 12:00
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Првото место по загаденост на Скопје, ги натера граѓанките и граѓаните утре во 12 часот да се соберат пред Влада и да го „одбележат“ големото достигнување, за жал! На повикот на социјалните мрежи „Станете за чист воздух“ досега најавија присуство десетина илјади граѓан(к)и.

„Протестот не е организиран од политичка партија, организиран е од граѓани… Организиран е од тебе, од мене, од твоите деца, од вашите родители, од сите нас кои дишеме загаден воздух. Пожелно е да носите маски на протестот. Транспаренти секој со своја инспирација“, стои на повикот.

Граѓанската иницијатива „О2 Kоалиција за чист воздух“ заедно со граѓански здруженија и иницијативи, активисти од цела Македонија пред некој ден, поднесоа барање до Претседателот на Владата на Македонија, Зоран Заев, за редистрибуција на буџетските средства кон зголемена заштита на животната средина, намалување на загадувањето и запирање на рудниците, со обезбедување на средства не помалку од 2.5% за Заштита на животната средина од вкупните расходи за 2018 година.

„Ако барањата не бидат прифатени, ние како граѓани, ќе преземеме правни чекори и ќе поведеме постапки против Република Македонија за кршење на ратификуваните конвенции, Устав, човекови права и права на детето“, велат од О2 Коалицијата.

„Веќе се знае колку, каде, што и како е загадено. Доколку вие сте некој што има обврска да преземе некаков чекор, а тоа не го правите, вие учествуате во таканаречениот еко геноцид. Сметам дека проблемот со загадувањето во целата држава станува нешто што може да го наречеме елементрана непогода. Доколку во оваа состојба оној кој е најповикан не преземе ништо, нам не ни останува ништо повеќе, освен по вечерашната средба со Зоран Заев да преминеме кон последниот чекор, барање и тропање на меѓународните врати“, изјави Душко Груевски.

ЦИВИЛ – Центар за слобода дава целосна поддршка на граѓанските организации и активисти кои се борат за чист воздух и животна средина и во своето соопштение до јавноста ги повика Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање сериозно да се зафатат со решавање на проблемите со животната средина.

Дехран Муратов

Tags: владазагаденостПротестСКОПЈЕчист воздух
Share9TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ