• Latest

Јолевски за МИА: Решение со кое ќе се заштити идентитетот

December 16, 2017

Џелал Хоџиќ, СДА Македонија: Олигархијата го помага кочењето на интеграцијата во ЕУ

August 11, 2026
Вилен Темерјанов

Четири години од апсењето на Вилен Темерјанов: Новинарството не е злосторство – руската агресија е злосторство

August 11, 2026
Ерол Ризаов (фото: ЦИВИЛ)

ЦИВИЛ ги осудува смртните закани кон Ерол Ризаов: Институциите мора да ја прекинат културата на неказнивост

August 11, 2026
Кијив, 11 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Теророт на рускиот агресор не познава граници: Кијив, Запорижја и други градови под напад, погодена и детска болница

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје се незаконски и немаат правни последици

August 10, 2026
Шумски пожар (фото извор: ЦУК)

Европа и светот во пламен: Климатска криза, човечка небрежност и разорни последици

August 10, 2026
Скриншот од видеото што го промовира премиерот Христијан Мицкоски, Фејсбук, 9 август 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026
фото извор: Алта банка

СКАНДАЛ: Алта банка тргна и кон Црна Гора, Владата прво рече „да“, па „не“

August 10, 2026

Косово и Украина се на иста страна

August 10, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Хипокризија

August 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Јолевски за МИА: Решение со кое ќе се заштити идентитетот

December 16, 2017 13:33
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Потребно е да се вложат сите напори во процесот на преговорите меѓу Македонија и Грција за да се најде взаемно прифатливо решение околу спорот со уставното име, кое ќе ги заштити идентитетот и дигнитетот на граѓаните на Република Македонија.

Ова за МИА го изјави поранешниот амбасадор во САД и долгогодишен преговарач во спорот со Грција за името Зоран Јолевски, давајќи осврт на првата средба на медијаторот Метју Нимиц и преговарачите на Македонија и Грција, Васко Наумовски и Адемантиос Василакис, по застојот од три години.

Смета дека е важно да се даде можност на овој процес, претстојниот временски период е поволен и треба да се искористи, со оглед на најавените активности во ЕУ, како Стратегијата за проширување на Жан Клод Јункер во февруари, извештајот на ЕК во април, состанокот во мај во Софија, но и самитот на НАТО во јули.

Овој придвижувачки бран на меѓународната сцена пред поголеми случувања од меѓународен карактер не е нешто невообичаено, па така е и во случајот со спорот меѓу двете земји.

Јолевски, кој беше македонски преговарач од ноември 2008 до јуни 2014 година, како позитивна ја оценува и најавата дека преговарачите секој месец ќе се сретнуваат со медијаторот Нимиц.

 

Ова и претходно било предлагано и тоа на иницијатива на македонската страна, меѓутоа барем во времето кога тој бил преговарач состаноци понекогаш се одржувале на четири месеци.

– Главна задача на цел тој процес е да се искористат сите можни моменти за да се најде решение, вклучувајќи и редовни состаноци, поради што оваа најава е позитивен сигнал, вели соговорникот на МИА.

Смета дека е важно да се согледа дали и кај грчката страна постои подготвеност да се најде решение и додаде дека изминатиот период има позитивни изјави од грчката страна, но додава дека е рано да се говори за целокупниот процес.

Освен изјавите на политичарите во двете земји, според Јолевски потребно е и кај грчката јавност да се создаде атмосфера дека е потребно взаемно прифатливо решение. Тука ги спомена медиумите, тинк-тенк организациите, интелектуалците.

Според Јолевски и пренесувањето на изјавата на директорот за Дијалог за Југоисточна Европа при Универзитетот Колумбија, Давид Филипс, односно можноста Американец да изнесе свој став, кој може е поинаков од нивниот, е позитивен момент и показател дека има одредена отвореност од грчка страна.

Филипс, кој е поранешен советник во Стејт департментот во време на претседателите Бил Клинтон, Џорџ Буш и Барак Обама, изјави дека односите меѓу Атина и Скопје се во својот зенит и дека 2018 година е важна поради можноста да се дојде до решение што ќе биде од корист и на двете страни.

Грција, оценува тој, исто така има интерес да си го подобри имиџот, бидејќи нерешавањето на ова прашање станува контрапродуктивно за сите страни.

Во целокупниот процес предвид треба да се има глобалната геополитичка состојба.

– Геополитичката состојба и во Европа и во светот е променета, особено изминатите пет-шест години, воопшто не треба да зачудува тоа што и за Европа и за САД Балканот повторно се враќа меѓу повисоките приоритети, интеграцијата на земјите од ЈИЕ е од голем интерес за нив, вели Јолевски.

Предвид треба да се земат и политичките состојби во двете земји, односно тоа што во 2018 година ниту во едната, ниту во другата нема избори. Во Македнија во 2019 година се одржуваат претседателски избори,  а истата година се и парламентарните избори во Грција.

– Треба да се направат напори, но никој не не може да гарантира дека ќе има решение. За да се најде решение потребно е и двете страни да докажат дека тоа навистина го сакаат, вели Јолевски за МИА.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: ГрцијаЗоран ЈолевскиМакедонијапреговарачспор
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ