По 11 години власт на ВМРО-ДПМНЕ треба да се даде повеќе време на новата власт – вели Александар Кржаловски, Извршен директор на МЦМС во разговор за ЦИВИЛ Медиа во „Перспективи 2018“.
„Во наредната година треба да се ослободат институциите од партиското влијание“ – потенцира Кржаловски. Што се однесува до граѓанското општество, сфера во која МЦМС учествува со обемни програми, како што е Цивика Мобилитас, тој вели дека треба да се работи на јакнење на врската меѓу организациите и граѓаните, односно конституентите.
Овој разговор е дел од серијата видео-изјави под заеднички наслов „Перспективи 2018“ во кој учествуваа околу 20 врвни експерти и претставници на граѓанското општество. Ова е втора изјава објавена во серијалот. „Перспективи 2018“ е дел од проектот „Слободни медиуми за слободно општество“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
Дехран Муратов
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Маја Ивановска
Фотографија: Биљана Јордановска