• Latest
Добро утро со Орданоски

Нема интеграција без пенетрација

January 15, 2018

Два јубилеи и една дијагноза

August 14, 2026
Сумска област, Украина, 14 август 2026 (фото извор: Сумска ОВА)

РУСКИ ТЕРОР: Станбена зграда во Краматорск уништена со наведувана бомба, мајка и деветгодишен син убиени во Сумската област

August 14, 2026
Петрит Сарачини, претседател на Институт за медиуми и аналитика (ИМА), Скопје, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Сарачини: Влијанието што го има во Македонија, Србија го користи како чип во играта со Западот

August 14, 2026

Водата се прочистува, но довербата останува загадена: Гостивар по најголемата здравствена криза

August 14, 2026

Путин, криптото и следната будала

August 14, 2026

Мехмети: Охридскиот договор не е привилегија, туку основа за внатрешна стабилност

August 14, 2026
Водителки креирани со вештачка интелигенција - ТВ Хепи

Вештачка интелигенција прилагодена за ТВ „Хепи“ и „Информер“

August 14, 2026
Отец Сергиј Бережној, манастирски комплекс „Св. Михаил“ во Кијив, 23 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Бидете добар Самарјанин за нас: Во што се состои пораката на отец Бережној од Православната црква на Украина до Македонската православна црква

August 14, 2026

ПР-от не може вечно да ја прикрива реалноста

August 14, 2026

Руски дрон погоди патнички воз во Одеската област: Убиени машиновозачот и неговиот помошник, 340 патници евакуирани

August 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Нема интеграција без пенетрација

January 15, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]К[/dropcap]ога живеете во мала, мултиетничка, мултикултурна и мултиконфесионална европска држава, и сте етничко мнозинство, а државата ја споделувате со неколку малцинства, од кои едното е значително во својот број, опциите што ви стојат на располагање за тоа што да правите во мнозинско-малцинските односи се изброени. Отприлика, се сведуваат на четири-пет, во сите нивни нијанси и преплети…

Прво, кон малцинството можете да пристапите според принципот на сегрегација. Има во тоа разни нивоа и трикови, но, во суштина, се работи за тоа малцинството да го оставите на маргините на општеството, во модерни гета, во помалку или повеќе подносливи услови. Ако малцинството сака општествена промоција, тоа мора да „оди“ според правилата и низ процесите (образовни, кариерни, социјални…) што ќе ги воспостави мнозинството.

Второ, можете да се обидете малцинството да го апсорбирате, да ги „претопите“ неговите припадници во мнозинството, што со социо-културен речник се нарекува асимилација. За тоа да ви успее, за почеток, мнозинството треба да има погабаритен или, барем, поатрактивен политички и културен модел од оној на кој му припаѓа малцинството. Во тоа спаѓаат такви работи кои имаат распон од литературата и музиката, до политичката традиција, економскиот успех или, дури, и климата! Со други зборови, иднината на таквата асимилација мора да „ветува“, за малцинството – особено ако е дел од поголем народ во регионот од вас – да посака да ви го зборува јазикот, да ви го игра орото, да се омажи за син ви, да ви ужива во виното или да сака да направи политичка кариера во политичкиот систем што го практикувате.

Трето, можете со малцинството да се поделите (федерализација, кантонизација…), според некаква територијална и ресурсна пропорција, па секој да си живее (и да владее) во својот „свет“, на различни катови во зградата, но со ист влез и со еден ходник, под еден покрив, барем во некакво догледно време. Во зависност од тоа како се развиваат настаните (политички, економски, безбедносно, во соседството итн.), со време, границите на таа поделба можат да омекнат или да затврднат. И тоа може да биде некаква формула за коабитација, иако тоа, на Балканот, се покажало дека, во принцип, има некаков рок на траење. Потоа или ќе се тргне по патот на конечна разделба или кон четвртата можност…

Четврто, можете со малцинството да тргнете во процес на интеграција, врз избалансирани, рамноправни основи. Е, тоа е вистински предизвик, што, најчесто, претпоставува дека сте пробале барем нешто од другите, претходни опции. Процесот на интеграција знае да потрае и низ неколку генерации и е мачен и за малцинството и за мнозинството, со разни стресови по национална и националистичка основа; тој процес е скап и административно компликуван. Сепак, доколку процесот е успешен – и како пат што се врви, а не само како цел каде се стигнува – таквата заедница ветува долготраен општествен и државен опстанок.

Има и петта опција, работите да се решаваат со насилство, по пат на етничка „ликвидација“. Оваа опција не бара дополнителни објаснувања, а и не може да се дискутира без соодветно ниво на алкохол во крвта.

Зошто ја трошам денешнава колумна на овие – нам познати, како многудецениски мнозинско-малцински паталци – анализи на мултиетничките политички опции?

Не знам. Можеби ќе ви помогне да ја разберете логиката којашто стои зад новиот Закон за јазици. А и за да не допуштиме дебатата за него да ја диктираат само професорки по правни науки.

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: „Ликвидација“анализаасимилацијазакон за јазициинтеграцијакантонизацијамеѓуетнички односисегрегацијафедерализација
Share162TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ