• Latest
Добро утро со Орданоски

Десницата ќе го дели тоа што левицата ќе го множи

January 29, 2018

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
Реакции

РЕАКЦИИ: Кој ја држи Северна Македонија во ЕУ чекалната – граѓаните ја поделија вината меѓу Брисел, Софија и Владата

June 4, 2026

Дипломатски тензии меѓу Белград и Подгорица: Поради безбедносен ризик, БИА му препорача на Вучиќ да не патува во Црна Гора

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Десницата ќе го дели тоа што левицата ќе го множи

January 29, 2018 07:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Ш[/dropcap]то дозна јавноста по саботната „национална координација“ за проблемот со името и текот на разговорите со Грција?

За преговарачката рамка и за содржината на предлогот на Нимиц не дознавме ништо. Освен што сите се држат до меѓусебниот договор (вклучувајќи ја и Грција) за тоа сѐ уште да не се брифуваат домашните јавности. Тоа, во оваа фаза, не е лошо и е коректно од сите страни. Особено ако се има предвид што околу скопската маса во саботата, цели пет часа, седеа дури 12 луѓе! За македонски прилики, постигнат е апсолутен рекорд на политичка коректност, иако поверојатно е дека, во оваа фаза, никој не гледа корист од озборувања на противниците, бидејќи „магарето“, најверојатно, уште не е сосема „натоварено“!

Конкретно, пак, по состанокот, Ѓорге Иванов изјави дека средбата била корисна и дека тој е „реалист со искуство“. Тоа, во превод, значи: „Ви велам јас дека од оваа работа нема да биде ништо, ама вие инсистирате да преговарате со Грците, со кои нема што да се преговора, па ај, баш да видиме до кај ќе стигнете!“ (Потоа Иванов отиде телефонски да реферира до кај е работата „кај што треба“, бидејќи искуството му вели дека реалноста има цена…)

Христијан Мицковски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ останува „на браникот на бла-бла-националните-бла-бла-и-државните-бла-бла-интереси“, а целата работа треба да си ја тера Владата. Тоа, во превод, значи дека на неа ќе падне и целата одговорност за неуспехот, за што ВМРО-ДПМНЕ ќе испорача дебела сметка кога за тоа ќе дојде изборно време. (Потоа Мицковски отиде да моли за пари, бидејќи партиските сметки му се блокирани, глава не може да крене од извршители кои му го попишуваат имотот…)

Али Ахмети изјави дека ова е почетокот на крајот на проблемот. Тоа, во превод, значи дека кога Македонија ќе стане членка на НАТО, ќе биде исполнет неговиот политички мандат во ДУИ и меѓу Албанците – почнат во 2001 г. – па ќе може мирно да се подготвува за заслужена пензија. (Потоа Ахмети отиде на Клиника да му вбризгаат никотинска инфузија директно во вена, бидејќи пет саати не можел да пуши…)

Зоран Заев, единствен читајќи пишан текст – што, само по себе, говори дека работите се ептен сериозни! – изјави дека процесот бара „инклузивност, посветеност и политичка одговорност“ и дека за решавање на проблемот е потребна волја и од „другата страна“. Тоа, во превод, значи дека и Иванов и Мицковски ќе сркаат од „чорбата“ во чиј казан тој е влезен со двете нозе до појас, а ако целата работа не успее, тоа ќе биде заради Грците. (Потоа Заев отиде да дремне, бидејќи мора да му се спиело…)

Сѐ на сѐ, работите се движат во очекуван правец. Национален консензус нема да има. Околу тоа големи очекувања да не се негуваат, на што веќе уредно предупредија локалните циници со повеќегодишно современо искуство по тие прашања (Фрчкоски, на пример), а и на што нѐ подучува генералното искуство од подолгата модерна македонска историја: речиси сите важни историски одлуки биле донесени од македонската левица, бидејќи се покажало дека таа по „здравјето“ на македонското прашање има далеку попродорен поглед во иднината, од сто-и-кусур-годишните национални идентитетски и политички шизми и конфузии на македонската десница. Така ќе биде и овој пат, ако ја биде.

Е, ако ја биде, ако навистина го направиме тој важен историски исчекор во нашето натамошно евро-атлантско етаблирање, на десничарите ќе им остане да победат на наредните избори, оти многу е полесно да се ситни она што друг со мака го заработил. И на тоа нѐ учи современата македонска историја.

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: Али АхметиЃорге ИвановЗоразн ЗаевЉубомир ФрчкоскиМетју НимицХристијан Мицкоски
Share77TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ