• Latest
Добро утро со Орданоски

Укинати банкарските провизии за кредити

January 31, 2018
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Укинати банкарските провизии за кредити

January 31, 2018 07:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]В[/dropcap]еста од насловот е точна, но се однесува на Србија. Како што пренесува информативната агенција Танјуг, Апелацискиот суд во Белград деновиве донел правосилна одлука, без право на натамошни жалби, со која на банките во Србија им се збранува да пресметуваат трошоци за „изработка“ на кредити, со образложение дека банките тој „фиктивен трошок“ ќе си го „одземат“ од заработката од каматите што и онака ги наплаќаат од кредитобарателите. Во оваа пресуда, на тужената банка од еден клиент ѝ е наложено на тужителот да му врати нешто помалку од четири илјади швајцарски франци, плус камата на тие пари за времето откако е наплатен трошокот кај клиентот.

Што е уште послатко, преседанот на оваа пресуда во Србија може да го искористат сите оние кои таму земале каков било кредит – за станови, автомобили, потрошувачки, бизнис и секакви други кредити – во изминатите 15 години, па дури ако кредитите во меѓувреме и ги исплатиле, под услов да ја тужат банката кај која им е наплатена оваа кредитна провизија. На засметаниот трошок, како и во првата пресуда, банките ќе мораат да им вратат и камата на сите нови тужители од денот кога им ги одобриле кредитите.

Некои српски финансиски експерти проценуваат дека тамошните банки во последните 15 години на име на овие, сега веќе, незаконити провизии, заработиле над 100 милиони евра! Плус провизиите што банките, откако ќе ви го одобрат кредитот со „трошокот за изработка“, ви ги наплаќаат и за неговото „администрирање“, додека ги враќате позајмените пари со камата.

Вистинска српска лепота!

Јас не се разбирам во македонското банкарско законодавство, но би било прекрасно ако некој овдешен експерт од таа област може да ја советува македонската јавност дали и ние имаме основа да покренеме тужби против нашите банки кои се занимаваат со истите фиктивни арачи и кај нас. Речиси и да не познавам некој кој не е задолжен со некаков кредит кај банките и се разбира дека навивам за тоа нашето судство да нѐ израдува со некаква пресуда што ќе подразбере неидентификуван број на милиони евра од профитите на банките да се прелее кон џебовите на нивните напатени кредитни клиенти.

Значи, да не ме разберете погрешно: не познавам банкар кој не е милионер и многу би ме веселел еден ваков развој на ситуацијата! Еве, деновиве се објавуваат профитите на секоја одделна банка во Македонија за 2017 година, па вие просудете дали нешто специјално треба да ги жалиме. Банкарскиот сектор во државава е секако една од најпрофитните овдешни стопански дејности, во време кога барем половина од населението одвај врзува крај со крај и се радува на законски пропишани минималци од не цели двесте евра месечно.

Ако, пак, македонските закони не дозволуваат да се донесе таква некоја судска пресуда, ете една реформа – иницијатива за укинување на банкарските кредитни провизии – на која може да се сети нашето Министерство за финансии.

Ако ова може да функционира во Србија, зошто да не може да се спроведе и кај нас? Ајде, нека дигнат рака сите кои не се согласуваат со ова…? Хари и Бишев, спуштајте рацете, гласањето не се однесува на вас! Тевдовски, не забележав, ти гласаше за или против?

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: банкарствобанкиДраган Тевдовскикредитипровизии
Share263TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ