• Latest

Преку ЦИВИЛ до нови знаења, контакти и можности за работни ангажмани

February 1, 2018
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Преку ЦИВИЛ до нови знаења, контакти и можности за работни ангажмани

February 1, 2018 19:39
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Неретко, на адресата на ЦИВИЛ се упатени оценки дека учеството на семинарите на ЦИВИЛ носи нови знаења, нови контакти и познанства, награди и можности за хонорарна соработка на проектите се само дел од придобивките. Организација во која луѓето размислуваат надвор од кутијата, вистински отворена кон нови луѓе и нови соработки, во која селекцијата е заснована врз квалитетот и интегритетот на луѓето, а не според нивната припадност по било која основа. 

Семинарите на ЦИВИЛ се динамични и спартански, не се губи драгоценото време на луксуз и бесполезни и бескрајни предавања. На нив говорат луѓе со богато знаење и искуство, кои се посветени и искрени – го мислат и живеат тоа што го кажуваат. Знаењата што се стекнуваат се практични и применливи во најразлични области. Се создава простор за иновативни пристапи и надградување на знаењата. Многу учеснички и учесници на семинари или во други активности станале соработници и членови на проектните тимови на организацијата.

Меѓу најинтересните и многу посетените семинари на ЦИВИЛ се оние за граѓанско новинарство, во проектот „Граѓанско новинарство“.

Воедно, се добива шанса за вредни награди за граѓанско новинарство. До сега се доделени 65 награди за најдобрите и најхрабрите граѓански новинарки и новинари. Учесниците добиваат можност да учествуваат и во други проектни активности на ЦИВИЛ на хонорарна основа или како волонтери.

Тие што сакаат да дознаат како паметните и храбрите можат да бидат успешни и видливи, треба да се пријават ТУКА на регионалниот семинар за граѓанско новинарство кој го организира ЦИВИЛ – Центар за слобода. Семинарот ќе се одржи во хотел Театар, Битола, на 3 февруари 2018 (сабота) од 11 до 17 часот.

Право на учество на семинарот имаат сите полнолетни граѓанки и граѓани од општина Битола, Прилеп, Крушево и околните општини. Овој повик е дел од проектот Граѓански објектив и е втор во новата серија семинари за обука на граѓански новинарки и новинари низ целата земја.

Пријавете се онлајн ТУКА или испратете основни податоци за вас на civil.macedonia@gmail.com. Заинтересираните се повикани, во комуникацијата со ЦИВИЛ, на најмногу 10 реда, накратко да ги опишат своите вештини и да изразат подготвеност за учество на семинарот и во понатамошните активности на ЦИВИЛ.

Заинтересираните се повикани да останат во допир со содржините поврзани со проектот и да ја лајкнат Фејсбук страницата Граѓански новинари на Македонија.

Граѓански објектив е проект во кој се комбинираат истражувањето, медиумските активности и активизмот, кои се основа за долгорочно набљудување на состојбите на човековите права и слободи, а особено на практикувањето на власта. Овој проект веќе трета година ги поттикнува и развива граѓанското новинарство и слободата на изразувањето.

Основна цел на проектот Граѓански објектив е да се придонесе кон транспарентни и одговорни политички процеси, да се зајакне јавната свест политиките и практиките поврзани со човековите права, гласачкото право и политичките процеси и да се алармира домашната и меѓународната јавност за измамничките практики во изборните процеси и воопшто.

Намената на проектот е да се идентификуваат и обелоденат случаите на кршење на гласачкото право преку интерактивна и динамична активност, која ќе ги вклучи активистите за човекови права, медиумите и општата публика, со прибирање фотографски, видео, аудио и пишан материјал, што ќе послужи како основа за понатамошно набљудување, анализа и известување за изборниот процес.

ЦИВИЛ неодамна ја објави втората публикација „Ние сме медиумите!“ која е одличен ресурс за активните граѓанки и граѓани заинтересирани за граѓанското новинарство.

Проектот е поддржан од фондацијата National Endowment for Democracy.

Биљана Јордановска

Tags: граѓанско новинарствосеминарЦивил
Share14TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ