• Latest

Силувани деца во делумно силувана демократија

February 17, 2018
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Силувани деца во делумно силувана демократија

February 17, 2018 11:14
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Инцидентот со силуваното дете и одбегнувањето на одговорност од страна на надлежните институции е уште еден индикатор дека имаме делумно иста власт како предходната, гледаме делумно ист производ во различно пакување.

Тефик Махмут – активист

Како дете без родители, знам како е да бидеш незаштитен, ранлив и заборавен. И како некој што гласал за оваа политичка гарнитура, жалам што немаме одговорност за случај од ваков калибар.

Имено, одбегнување на одговорност и негирање на факти беше една од одликите на предходната власт, заедно со апатичноста на ромските политичари која ја гледаме и сега под оваа владеачка гарнитура. Политичари коишто како и нивните претходници се повеќе зафатени со организирање на балови и нивно луксузирање, наместо со преземање на акции и иницијативи кои би го подобриле секојдневието на најранливата категорија на граѓани во Република Македонија.

Не знам дали Македонија е терминот што треба да го употребам, затоа што нели, промената на името и надворешната политика е поприоритетна од внатрешната политика. Ако толку многу се засегнати, да не речам опседнати со евроинтеграциските процеси, треба да знаат дека едни од Kопенхашките критериуми е подобрување на состојбата на малцинствата, меѓу кои спаѓаат и Ромите, што значи дека „животот за сите“ треба, да не речам, мора да ги инкорпорира и Ромите како етничка група во нашата држава. Доколку сакаме да бидеме дел од големото европско семејство.

Негирањето и непреземањето на одговорност за овој немил настан се коси со тоа што ни беше ветено, дека нели државните институции ќе работат во полза на граѓаните, без разлика на нивната етничка припадност. Уште пожално е што се работи за 13 годишно дете кое расте без своите родители. Имаме 22 малолетни девојчиња, да не речам деца без родители кои се под ризик на сексуална злоупотреба.

Не треба да си правник да знаеш дека Министерството за внатрешни работи треба да го истражува случајот, имајќи ги во предвид криминогените елементи на истиот случај, тоа не е, и не треба да биде работа на Министерството за труд и социјална политика. Да не ги мачкат очите на јавноста и нека си ги средат ингеренциите.

Премиерот има морална и политичка одговорност да си стои на ветеното и да донесе живот во оваа држава, не во буквална, туку законска и политичка смисла. Да имаме ред и владеење на правото во оваа државата. Ако не нешто повеќе да не ги игнорира ваквите случаеви. Особено не ако се зафатил да го изоди патот кон ЕУ. Случаеви од ваков калибар не се достојни за држава која претендира да биде компатибилна со европските и светските стандарди.

До тогаш, вратете се на домашна сцена премиеру, долг е патот кон ЕУ, и кус е патот кон следни потенцијални избори.

Tags: ДецаЕУромски политичарисилувана демомократијаТефик Махмут
Share65TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ