• Latest

Во Грција голема увереност дека е можно решение за името

February 19, 2018

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Во Грција голема увереност дека е можно решение за името

February 19, 2018 11:23
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Грција, по средбата на министрите за надворешни работи на двете земји Никос Коѕијас и Никола Димитров, се зголемува позитивното мислење за решавање на спорот и во анализите на медиумите и кај политичките чинители. Тие сепак, потенцираат дека клучот за решение е „ерга омнес“ и менување на македонскиот Устав.
Во анализата за маратонските разговори на Димитров и Коѕијас весникот „То Вима“, како што јавува дописникот на МИА од Атина, коментира дека веќе треба да се смета за сигурно забрзувањето на разговорите, но и променетиот состав на инволвираните страни, бидејќи од ниво на преговарачи, преговорите сега се водат на ниво на министри за надворешни работи.

– Во јадрото на разговорите се наоѓа Меѓународниот договор што ќе ја замени Времената спогодба од 1995 и ќе стане основен столб на идните односи меѓу Грција и поранешната југословенска Република Македонија. Од оваа гледна точка, името што на крај ќе се одбере не е самото по себе „големиот трн“, барем за Атина, пишува „То Вима“.

Во однос на името, повикувајќи се на изјавите на македонскиот премиер, новинарот анализира дека предлозите на Нимиц што се со временска одредница веќе не се на преговарачката маса. По „Република Македонија (Скопје)“, што беше отфрлено од грчката страна, сега се чини дека и „Република Нова Македонија“, според „То Вима“, е името за кое не се разговара.

– Клучна точка останува комбинацијата на постепена примена на ерга омнес со промените во скопскиот Устав, што ги бара грчката страна. Не е јасно колкав напредок е постигнат во оваа точка, но од постоечките информации, Атина не е негативно настроена во однос на тоа да му даде „грејс период“ на Скопје за да го смени внатрешното име. Нормално, ќе треба да се договори точната формула според која ова ќе се направи, но и временскиот период (на пр. една година), пишува весникот „То Вима“ во анализата, пренесува МИА.

Дека има позитивна клима за решавање на овој спор, вчера истакна и грчката министерка за административна реконструкција, според која, преговорите меѓу Македонија и Грција се наоѓаат во идеален моментум, наспроти тврдењата на лидерот на опозициската Нова демократија дека во овој момент нема околности за решение.

Олга Геравосили, во интервју за грчката новинскаагенција АПЕ-МПЕ, вели дека грчката влада ги користи создадените услови, јавува дописникот на МИА од Атина.

Таа ги повтори грчките позиции за сложено име, ерга омнес и објасни ако не се постигне конечно решение, тогаш ќе се случи она што ги плашело оние кои излегле на протестите во Грција.

-Денес над 100 земји, ПЈРМ ја имаат признаено како „Македонија“. Сакаме ова да остане вака? Нè интересира да се реши името, што е катализатор за целосна нормализација билатералните односи? Или сакаме прашањето да се влече уште 20 години, како што предложи господинот Мицотакис?, прашува граѓката министерка во интервјуот, упатувајќи критики до опозициската Нова демократија.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: ГрцијаимеМедиуми
Share6TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ