• Latest

САД во ОН предложија проширување на санкциите кон Пјонгјанг

February 24, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

САД во ОН предложија проширување на санкциите кон Пјонгјанг

February 24, 2018 08:27
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

САД вчера до Советот за безбедност на ОН доставија предлог за проширување на постоечките меѓународни санкции кон Северна Кореја.

– Наша цел е ставање крај на илегалните шверцерски активности на Северна Кореја за набавка на нафта и продажба на јаглен, изјави постојаниот претставник на САД во ОН, Ники Хејли.

Таа нагласи дека САД се залагаат за засилување на притисокот врз севернокорејскиот режим со сите распложливи средства,

– Заедно со нашите сојузници и со ОН ќе работиме на засилување на притисокот, се додека Северна Кореја не го промени својот курс, изјави Хејли, без да соопшти повеќе детали за предлогот на САД за нови санкции кон Пјонгјанг.

Иницијативата на Вашингтон следува откако претходно денеска, како што јави МИА, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД вовеле нов пакет санкции кон Северна Кореја, кои, како што рече, се најголеми што кога и да било досега се воведени кон Пјонгјанг.

– Денеска ги воведовме досега најтешките санкции кон таа земја. Искрено се надевам дека од сето тоа ќе произлезе нешто позитивно. Ќе видиме, изјави Трамп во обраќањето на традиционалниот собир на републиканците, познат како Конзервативна политичка акција (ЦПАЦ), што се одржува во едно предградие на Вашингтон.

Доналд Трамп ЦПАЦ

Како што соопшти американското Министерство за финансии на својата веб страница, со новите санкции се опфатени едно физичко лице, 28 брода и 27 трговски и транспортни компании, кои им помагале на властите во Пјонгјанг „да ги избегнуваат санкциите“, воведени како одговор на нуклеарните проби и програмата за развој на балистички ракети.

Бродовите опфатени со санциите се регистирани или пловат под знамиња на Северна Корека, Кина, Сингапур, Тајван, Хонг Конг, Маршалските Острови, Танзанија, Панама и Коморските Острови.

Целта на овие санкции, според САД, е „ограничување на изворите на приходи и на нафта, кои режимот ги користи за финансирање на својата нуклеарна програма и својата армија“.

Советот за безбедност на ОН последнава година воведе серија санкции кон Северна Кореја, со цел да ги принуди властите во Пјонгјанг да се откажат ид нуклеарната и балистичката програма.

Аналитичарите проценуваат дека најавеното дополнителното зајакнување на санкциите од страна на САД, би можело да ги уништи напорите за подобрување на однсоите меѓу Пјонгјанг и Сеул, до кои дојде во пресрет на Зимските олимписки игри што се одржуваат во јужнокорејскиот град Пјонгчанг и кои дури вклучуваа и најави за можна средба на лидерите на Северна и Јужна Кореја.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ОНСАДсанкцииСеверна КорејаСовет за безбедност
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result