• Latest
илустрација: Мирослав Стојановиќ - Шуки

Финансирањето на изборните кампањи креира услови за манипулации и злоупотреби

March 5, 2018
Фотографија  од руски извидувачки авион Ил-20 виден од пилотската кабина на германски борбен авион над Балтичкото Море објавена на 16 октомври 2024 година. Извор: Германски воздухопловни сили/X

Два руски воени авиони навлегоа во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

ДИК ги одби сите 57 приговори за првиот круг од локалните избори

October 23, 2025

Зеленски ја повика ЕУ да ги ослободи замрзнатите руски пари за одбрана на Украина

October 23, 2025

Самит на ЕУ: Зајакнување на европската одбранбена индустрија, зголемување на инвестициите во заеднички развој, производство и набавка за потребите на одбраната

October 23, 2025
Фотгорафија: Влада на РСМ

Мицкоски: Нема предвремени избори, не ги посакувам и сметам дека се непотребни

October 23, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Ѓорѓиевски и Лабудовиќ го чистат Скопје; Димитриевски ветува паркинг и парк на иста локација; Милосим Војнески, кадидат за градоначалник во Македонски Брод се повлекува од изборната трка

October 23, 2025
screenshot-X-EP

Што содржи најострата резолуција за Србија досега усвоена од Европскиот парламент 

October 23, 2025

Пукал од БМВ додека одел на свадба во Желино – полицијата го уапси кога се пофалил на социјалните мрежи!

October 23, 2025
Фото: wikimedia commons

Амбасадорката Дир: САД воведоа санкции против енергетскиот сектор на Русија, дизајнирани да го зголемат притисокот за постигнување вистински мир

October 23, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК: Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг, во 11 општини има поднесено приговори

October 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Финансирањето на изборните кампањи креира услови за манипулации и злоупотреби

March 5, 2018 14:43
in ОПШТЕСТВО
илустрација: Мирослав Стојановиќ - Шуки

илустрација: Мирослав Стојановиќ - Шуки

Share on FacebookShare on Twitter

Еуфоријата, која ги преплави поддржувачите на владејачката партија и длабоката депресија, во која потонаа членовите и симпатизерите на претходната владејачка структура, ја фрли во сенка темата за финансирањето на изборните кампањи на политичките парии на локалните избори одржани на 15 и 29 октомври 2017 година.

Незначителен интерес за оваа тема имаше и по завршувањето на предвремените парламентарни избори одржани на 11 декември 2016 година, во јавноста и кај надлежните институции, што веројатно може да се оправда со преокупираноста од тензичните настани околу формирањето на новото парламентарно мнозинство, кои кулминираа со упад во законодавниот дом на 27 Април 2017 година. Финансирањето на изборните кампањи креира услови за манипулации и злоупотреби.

Со формирањето на нова коалициона влада, следеа „коренити“ реформски процеси преточени во планот 3-6-9, наплив на информации за започнатите судски процеси и активностите на Специјалното јавно обвинителство, а голем дел од енергијата беше насочена и кон локалните избори и борбата за освојување на поголем дел од колачот на локална власт. Гласачите и тогаш, а и сега оптоварени со законот за јазиците и спорот за името, како доминантни теми, а и многу други „периферни“, скоро воопшто не се информирани но и заинтересирани за огромните суми пари што нивните избраници ги трошат за сопствена промоција и превласт во претставувањето пред нив, за време на изборните кампањи, кои обично започнуваат многу порано од законски пропишаниот временски период. Надлежните институции, вообичаено преокупирани со делење на високи бонуси, освен законската обврска, која се сведува на чисто техничка операција, објавување на доставените финансиски извештаи од политичките партии за приходите и расходите стекнати и направени во текот на изборната кампања, не превземаат ништо, иако актуелните законски решенија тоа им го овозможуваат.

Измените и дополнувањата во Изборниот законик, кои се однесуваат на финансирањето на изборните кампањи на политичките партии, направени по договорот во Пржино, неминовно го наметнаа прашањето дали истите се доволни да го спречат долгогодишното коруптивно и криминално финансирање на изборните кампањи. Пред овие измени, партиите (коалициите) беа законски обврзани конечниот финансиски извештај за изборната кампања до надлежните институции да го поднесат најдоцна во рок од 15 дена од денот на завршување на кампањата, со што временскиот период за „штелување“ беше прилично краток. Со измените во Член 85, Став 1 од Изборниот законик, рокот за поднесување на вкупниот финансиски извештај за изборната кампања изнесува 30 дена од денот на 24 затворањето на посебната трансакциска сметка за таа намена.

Со додавањето на Став 10 во Членот 71 од Изборниот законик, со кој се уредува затворањето на посебната трансакциска сметка во рок од 3 (три!) месеци од денот на објавувањето на конечните изборни резултати, всушност, им се овозможува на партиите (коалициите) период од 4 (четири!) месеци за поднесување на конечните финансиски извештаи за финансирање на изборната кампања. Во Изборниот законик прецизно е наведено дека секоја партија што учествува на избори, задолжително отвора посебна жиро сметка, од која партиите можат да ги финансираат своите кампањи (членарини и донации од физички и правни лица) и дека имаат законска обврска да поднесат извештај за приходите и расходите за првите 10 дена и вторите 10 дена од кампањата до ДИК (Државна изборна комисија), ДЗР (Државен завод за ревизија), ДКСК (Државна комисија за спречување на корупцијата), како и финален извештај (во законскиот рок). Ако се анализираат овие извештаи од последните предвремени парламентарни избори во 2016 година и локалните избори во 2017 година ќе се констатираат сериозни контрадикторности. Кај одредени политички партии, во овие извештаи прикажани се, на пример, многу поголеми трошоци од средствата уплатени како членарини, а ист е случајот и со средствата добиени како донации, за во периодот што следи до финалниот извештај, минусните салда да се анулираат од различни извори на средства, а најчесто од приходи од основната сметка.

Со тоа, фактички им се остава премногу голем период на политичките партии за обезбедување на средства за покривање на огромните трошоци што ги прават за време на изборните кампањи, минус кој само кај коалицијата предводена од ВМРО- ДПМНЕ за предвремените парламентарни избори во 2016 изнесуваше фантастични 99.081.027,00 или околу 1.611.000,00 Евра. Финансирањето од нелегални извори на средства, кои не се прикажуваат во законски 25 пропишаните финансиски извештаи, посебно во случаите со поткупот на гласачите, е огромен проблем кој сѐ уште се провлекува до таа мера, што постојат групи на гласачи кои редовно на секој изборен процес очекуваат некаков надомест за својот глас.

Со оглед на големото значење на законите кои го регулираат финансирањето на изборните кампањи на политичките партии, ЦИВИЛ –Центар за слобода многукратно укажуваше на овие слабости, кои се потврдуваат и со ревизиите на регуларност изготвени од Државниот завод за ревизија, за чие надминување надлежните институции ќе мора посериозно да пристапат кон одредени измени и дополнувања во истите.

Потребно е да се усогласат роковите за затворање на трансакциските сметки наменети за финансирање на изборните кампањи (чл. 71, став 10) со рокот за поднесување на вкупниот финансиски извештај (чл. 85, став 1), односно овој рок да се скрати, со што би се намалила можноста и периодот за „шминкање“ на финалниот извештај. Мора прецизно да се утврди периодот во кој наплатените членарини и донации можат да се користат за финансирање на изборната кампања на политичките партии, за да се избегне практиката на покривање на повисоките трошоци од овие извори, неколку месеци по завршувањето на изборната кампања.

Потребно е и законски да се регулира начинот на покривање на минусните салда на наменски отворените посебни сметки за финансирање на кампањата. Законските решенија треба да бидат во насока на ограничување на партиите, за да трошат во висина на средствата што за таа намена ги обезбедиле, а никако повеќе. Членот 84 од Изборниот законик, кој претрпе измени по договорот од Пржино, па наместо 180 денари, овозможува на политичките партии во изборната кампања да потрошат 110 денари по запишан избирач во изборната единица, не е доволно ограничување затоа што сепак се работи за голема сума на пари. Имено, на 26 запишани 1.814.644 гласачи, според Државната изборна комисија, на последните, локални избори, партиите законски смеат да потрошат 199.610.840,00 денари.

Веројатно треба да се размисли и за ревидирање на овој член од Изборниот законик. Контролата и констатирањето на веродостојноста на приложените извештаи од страна на политичките партии, посебно во делот на направените расходи, во голема мера ќе се поедностави доколку се пропише законска обврска за доставување извештај за искористениот простор и наплатениот износ, за субјектите кои стопанисуваат со рекламни паноа и билборди. Истата обврска може да се однесува и на медиумите и правните субјекти кои ги печатат материјалите за предизборните кампањи, како и фирмите кои изнајмуваат простор и опрема за надворешно рекламирање. Секако, надлежните институции, самоиницијативно или преку поширока дебата, треба да поработат на подобрување на законите кои го регулираат финансирањето на изборните кампањи на политичките партии, на што секако треба да претходи професионализација, но и зајакнување на капацитетот на институциите задолжени за контрола на регуларноста, реформи и ефикасно функционирање на правната држава, како и доследно почитување на законите.

Вака како што е поставен системот, дава огромни можности за манипулација при финансирањето на изборните кампањи. На крајот на краиштата, искуството од последниот изборен процес, покажува дека висината на потрошените средства за кампања, било да се легитимни или не, сепак, не е пресуден фактор за освојување на власта. Напротив, политиките и грижата за интересите и правата на граѓанките и граѓаните се тие што имаат конечно влијание врз волјата на гласачите.

Горан Наумовски


Овој прилог е дел од препораките објавени во публикацијата „Слободни избори: Научени лекции“, која пред јавноста беше претставена на 15 февруари 2018. Поголем дел од препораките со години се презентира во јавноста и се доставува до институциите.

Публикацијата може да се преземете ТУКА. Преобјавување на публикацијата или делови од неа не се дозволени, освен со писмена дозвола од издавачот. 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: изборикампањиполитичко финансирање
Share37Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    184 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    129 shares
    Share 52 Tweet 32
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ