• Latest

Оставки и одговорност. Толку.

March 7, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ВЕКТОР

Оставки и одговорност. Толку.

March 7, 2018 11:47
in ВЕКТОР, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Кога ДИК-овци поднесоа оставки, беше тоа една мала победа за демократската јавност. Но, таму и заврши таа мала победа. Тие добија награда за неуспехот на ова тело да го одбрани правото на глас, добија награда за тоа што трошеа пари како да растат на дрво, добија награда за сиот мобинг што го спроведувале дел од нив врз вработените во ДИК…

Пишува: Џабир Дерала

Добија дебела лапанажа од парламентарната комисија која не се потруди ни да поразговара за овој тежок случај на непрофесионално и неетичко однесување кон високите државни функции, на кој дури и американскиот амбасадор (значи, дел од меѓународната заедница) реагираше. Не, само им одобрија цела година продолжено уживање во јавните пари. Не видовме ни обид да се повикаат на одговорност! Не знам што е поголем срам, тоа што воопшто помислија да поднесат барања за апанажа или тоа што претставниците на граѓанките и граѓаните (пратениците во комисијата за именувања) тоа им го одобрија.

Бран оставки го зафати и ДКСК. Но, дали ќе понесат одговорност? Или и тие ќе добијат награда за тоа што во деновите пред падот на Груевски поведоа валкана војна против граѓанските организации, го бранеа криминалниот режим и беа дел од коруптивниот систем, од позиција на државна институција чија единствена задача е спречување на корупцијата. И таму, според информациите од свиркачите, има мобинг и национал-шовинизам. Ќе одговара ли некој за тоа? Или ќе добијат награда, најмалку со тоа што ќе бидат оставени на раат да се вгнездат во некоја друга институција и да си продолжат со старата песна? А можеби ќе им текне да побараат апанажа која пратениците ќе им ја усвојат без поговор?

Без оглед на партиската припадност, пратениците продолжија богато да се гостат со парите од даночните обврзници, од народните пари (!), за своите измислени патувања по ова катре земја. Илјадници евра украдоа од гладните деца, од сиромашните семејства, од парите кои би требало да се потрошат за здравјето на болните. Да, тоа се тие пари, драги мои сограѓанки и сограѓани, ако ги лапнат за патни трошоци, нема да има пари таму кај што се најпотребни, нема трети пари! Луѓе купуваат приватно дури и завои, игли, инфузии, инсулини и што ти не друго, но важно тие се наполнија со пари!

Затоа ли одобруваат лапанажи толку лесно? Затоа ли мижат пред неправдите и корупцијата во институциите? Затоа што им е валкан задникот, знаеме сите.

Значи, не мора да има закон (а има) што ќе ги санкционира пратениците за злоупотреба на функцијата и користољубие. Фатени се на дело. И тие треба да поднесат оставки! И да одговараат! Оставки и одговорност. Толку.

 

 

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ДИКДКСКзлоупотребаКорупцијапарламентпатни трошоципратеници
Share87Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result