• Latest

Власта и опозицијата во Грција и натаму со различни позиции околу името

March 10, 2018

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Власта и опозицијата во Грција и натаму со различни позиции околу името

March 10, 2018 09:29
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Власта и опозицијата во Грција и натаму со различни позиции околу начинот за решавање на долгогодишниот спор со Македонија околу името. 

Меѓусебни обвинувања за позициите во прашањето за името си упатија грчкиот премиер Алексис Ципрас и лидерот на Нова демократија Киријакос Мицотакис за време на расправата во грчкиот Парламент, посветена на предлогот на опозициската партија за формирање комисија за истрага и на тројца министри од владата на СИРИЗА за евентуална вмешаност во скандалот „Новартис“.

Мицотакис, ја обвини грчката Влада дека нема една и заедничка позиција за името, додека пак Алексис Ципрас, возврати дека Нова демократија отстапила од националната линија и уште еднаш ги повтори грчките позиции во разговорите.

Ципрас рече дека тој воопшто не ја променил позицијата и имал чувство дека грчките ставови се всушност и националната линија во преговорите што ја поддржува и Нова демократија.

Мицотакис упати критики до Ципрас и поради тоа што во разговорите воопшто не ги вклучил и партиите од опозицијата, а наместо тоа грчкиот премиер одбрал прво да се сретне со неговиот македонски колега.

Различни ставови за можностите за решение изразија алтернативниот министер за надворешни работи Јоргос Катругалос и одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија Јоргос Кумуцакос.

Катругалос е оптимист, вели дека постои моментум и добри намери од двете страни и смета дека е веројатно да се постигне договор, Кумуцакос пак, вели дека погрешното управување со прашањето во внатрешноста на земјата, го затвори прозорецот на можност за решение.

– Имаме национална линија од 2007. Сложено име што ќе ја разликува грчката и историската Македонија од соседната земја, да нема никакво прашање поврзано со иредентизмот, договор што ќе биде комплетен и да има трајни карактеристики. Ние прв пат додадовме и една дополнителна гаранција, нешто што до сега го немаат ставено други влади, промена на Уставот за да се обезбедат уставни карактеристики, објасни алтернативниот министер за надворешни работи на Грција.

На прашањето, колку е веројатно решението на спорот со името, Катругалос смета дека е толку веројатно, што ќе стигне во Парламентот.

Грчкиот алтернативен министер за надворешни работи, објасни дека изјавата на македонскиот премиер за грчкиот Устав, во Грција, била погрешно пренесена и толкувана, бидејќи „Заев рече да видиме што вели грчкиот Устав, па и ние да го сториме истото “.

Кумуцакос, пак, рече дека спорот со името, како и секое големо дипломатско прашање има две димензии – надворешниот аспект, односно што се случува на дипломатското поле и внатрешната димензија, односно во внатрешноста на земјата.

– Погрешното управување со прашањето во внатрешноста, го затвори прозорецот на можност во надворешноста, додаде одговорниот за надворешна политика во опозициската партија. Кумуцакос повтори дека за Нова демократија, за да постои решение тоа треба да ги вклучува: името, имплементацијата, иредентизмот и Уставот.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Грцијаиме преговориМакедонијаставови
Share5TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ