• Latest
Добро утро со Орданоски

Старата, добра македонска бара

March 13, 2018
Кијив, окт. 2026

Деноноќен руски терор врз цивилите во Украина: Погодени мостови и домови, има загинати и повредени

October 4, 2026

Србија на раскрсница: Кога лидерот станува систем, а изборите борба за спас

October 4, 2026

КОЈ ЈА ПРЕЗЕМА МОЌТА ВО БАНКИТЕ: Капиталот, политиката и врската Скопје – Белград

October 4, 2026

Удбашка култура: Модел на владеење што го надживеа системот

October 4, 2026
Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ/А. Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ со Арена и „странски служби“, студентите од врата до врата

October 4, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Одбрана, мир, сигурност

October 4, 2026
Днипропетровск, 3 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Нови воздушни напади, жестоки борби и цивили заробени меѓу гладот и мините во Олешки

October 4, 2026
Студентски протести, Франција, 3 октомври 2026 (фото: скриншот, Facebook / Be Social Observer)

Франција пред нов бран ученички и студентски протести, најавен голем протест за 6 октомври

October 4, 2026

Условот е познат со години, Брисел само го повтори: Зошто Мицкоски е незадоволен?

October 3, 2026

КОЈ И ЗОШТО САКАШЕ ДА ГО УБИЕ КИРО ГЛИГОРОВ? 31 година прашања без одговор

October 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Старата, добра македонска бара

March 13, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]К[/dropcap]акофонијата во која живее Македонија во последните неколку години, за некој месец, по неколкукратни репризи, ќе доживее ново општествено-политичко крешчендо! Тогаш, отприлика, се очекува да дознаеме има или нема решение за ова проклетство со „проблемот со името“ – ако има решение, земјата конечно ќе тргне во фактичка долга и мачна авантура со нашите евро-атлантски интеграции; доколку нема решение… Е, тогаш се на сила други сценарија.

Најнапред, и да има и да нема решение со името, се чини дека наскоро, можеби веќе годинава, а секако идната пролет, ќе мора да одиме на вонредни парламентарни избори. Ситуацијата со сегашниот собраниски баланс на силите е неиздржлив за спроведување на каква било посериозна реформска агенда, особено ако се реши спорот со Грција.

Сепак, пред тоа ќе следува некаква плукни-залепи реконструкција на оваа Влада, но потоа двата главни владини коалициони партнери, СДСМ и ДУИ, ќе започнат предизборно да се „дриблаат“, да се местат и подместуваат, бидејќи ДУИ, од една страна, не заборава дека СДСМ на минатите избори ги чинеше десетици илјади етнички Албанци кои гласаа за социјалдемократите, и уште којзнае колку кои воопшто не излегоа на гласање; а на СДСМ, од друга, ќе му треба кредибилен наратив за да се правда за своите владејачки потфрлувања…

ВМРО-ДПМНЕ, пак, со „недоизлижани“ рани и со нејасна правна судбина на моќната мафијашка Фамилија „во сенка“, висната на вратот на новото и сè уште „во пелени“ партиско раководство, ќе мора рапидно да се консолидира, за да направи подобар изборен резултат од оној на минатите избори. Бидејќи, вака како што „мицајковистиве“ продолжуваат да се однесуваат „груевистички“, тешко дека ќе најдат некаков коалициски албански партнер за во идната своја влада, ако таквиот евентуален коалиционен кандидат не го стават пред „цевката“ на својот неумолив изборен резултат. Ако не, ќе си одремат уште некој турнус во опозиција.

Но, велам, едно е ако продолжиме со затворен македонско-грчки спор зад нас; но, сосема друго е ако решение на спорот со Грците нема, затоа што тогаш се отвораат и други перипетии… Пред сè, повторно некаков предизборен калабалак од „широка влада“!

Мислам дека, ако нема решение со Грците, некои од понеинтелигентните членови на меѓународната заедница веднаш ќе се фатат за таа широко-коалициска „сламка на спасот“ од можна политичка дестабилизација, па повторно ќе заборават и на демократија и на реформи, туку ќе тргнат да купуваат месец за месец, додека не видат што, точно, ќе се случува на други кризни точки во регионот, но и во самата Македонија.

Не сум сигурен дека, во таква ситуација, Заев би можел да го издржи притисокот за останување со оваа владина комбинација на власт, особено што ДУИ нема да губи време да се приближи кон своите стари и проверени другарчиња од македонската националистичка опозиција. Додуша, и самиот Заев можно е брзо-брзо да се согласи на таква широко-коалициска комбинација, за да не паднат сите предизборни клетви само врз неспособноста на неговите социјалдемократски кадри во власта – споделување на одговорноста на едно шест месеци пред евентуални предвремени парламентарни избори нема лошо да му дојдат!

Значи, како и да го свртите и со овие, а и со некакви други сценарија, Македонија ќе продолжи да си наликува на една мала, плитка и матна бара на чии брегови наредени крекаат зелени, надуени, крастави жаби кои со долгите јазици само чекаат да залепат некоја жртва-полноглавец, за и тој ден да им помине.

Во таа смисла, немојте да негувате некое високо мислење и за себе, бидејќи и вашето крекање по интернет, по кафеани, по пазари и по паркинзи е дел од истиот барски жабји хор. Кре-кре-кре!

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ.

 

 

Tags: барањевладаЗаевМицкоскиреконструкцијаспорот со името
Share137TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ