• Latest

Изложба за монтажните куќи во Скопје донирани по земјотресот

March 13, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Изложба за монтажните куќи во Скопје донирани по земјотресот

March 13, 2018 08:24
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во Музејот на современа уметност (МСУ) вечер од 19 часот ќе биде отворена изложбата „Pre/Fabric – растечките куќи на Скопје“ – проект за монтажните куќи и населби во Скопје по земјотресот во 1963 година. Автори се Милан Мијалковиќ и Катарина Урбанек од Австрија. 

МСУ соопшти дека Pre/Fabric трага по приказните на куќите во ова малку истражувано поглавје од историјата на главниот град и ја разгледува историјата на градбите на шест куќи и искуството на домаќините од животот во нив.

Во скопскиот земјотрес биле разурнати или сериозно оштетени 80 проценти од градбите, а 150 000 жители, односно три четвртини од населението останале без дом. Истовремено со расчистувањето на урнатините почнало и проектирањето на 17 нови населби на краевите од уништениот град за да се обезбедат фиксни живеалишта пред почетокот на зимата.

Населбите ги сочинувале монтажни, претежно еднокатни куќи и првите во Скопје биле испорачани само десет дена по земјотресот. Во наредните три месеци била во полн ек изградбата на монтажните населби, така што во декември веќе биле предадени 10 000 станбени единици. До крајот на 1964 биле изградени вкупно 14 068 станбени единици кои обезбедиле нов дом за околу 70 000 луѓе.

Пре Фабрик 2

– Иако повеќето од куќите беа произведени во Југославија, во колективната свест на градот останаа запишани околу 2500 куќи донесени од други земји, од кои 914 беа донација. Архитектурниот увоз на монтажни куќи, кои денес во Скопје сѐ уште се нарекуваат „бараките“, трајно го обликуваше ликот на градот. Иако се во употреба повеќе од 50 години и претрпеле повеќекратни проширувања и трансформации, основната структура на населбите и елементите на архитектурата од Финска, Мексико или САД се забележливи и ден-денес. Растечките монтажни куќи на Скопје ја создадоа густата текстура на градот, наведуваат од Музејот на современа уметност.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: архитектураземјотресизложбамонтажни куќиМузеј на Современа уметностпроектСКОПЈЕ
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result