• Latest

Не може да се преговара за идентитетот и промена на Уставот

March 20, 2018

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026

Од студентските блокади до изборна победа: Вучиќ го призна поразот, Србија пред крајот на една политичка ера

October 25, 2026

Нема таква сила што може да ги заплаши луѓето – ни тенкови, ни звучни топови, ни батинаши! (ВИДЕО)

October 25, 2026
Алис Вајдел (фото извор: Wikipedia)

Хакирани мејлови откриваат детали за нелегалните донации на германската АфД, Алис Вајдел под лупа

October 25, 2026

Судири во Лазаревац, колона на Жандармеријата кон Белград и полициски возила во центарот (ВИДЕО)

October 25, 2026

Србија гласа: Висока излезност, насилни инциденти и стравувања од постизборна криза – се зборува за „план Б“ на Вучиќ (ИНФОГРАФИК / ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Не може да се преговара за идентитетот и промена на Уставот

March 20, 2018 15:47
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонската академија на науките и уметностите апелира за изнаоѓање заемно прифатливо решение за прашањето за името и ги охрабрува политичките водства на Македонија и на Грција да ја преземат одговорноста  и храбро да се соочат со реалностите на времето и потребата за градење на перспективи за заедничка иднина, истакна претседателот на МАНУ Таки Фити во своето експозе на Годишното собрание на Академијата. 

Тој рече дека аргументацијата на Македонија во разговорите со Грција треба да се базира на два основни постулата.

„Едниот е дека наспроти аспирациите на Грција спорот за името да го димензионира во интернационален, тој според својата природа и суштина е билатерален (досега 137 земји не имаат признаено под уставното име) и за него се преговара под покровителство на ООН, што е гаранција дека мораат да бидат почитувани нормите и стандардите на ООН за меѓународниот статус на државите и човековите слободи и права. Другиот е дека предмет на расправа е само и единствено името, односно надминување на разликата за името на државата, а не и други прашања, особено не и идентитески прашања кои влегуваат во сферата на елементарни човекови права и за кои не се преговара“, истакна академик Фити.

Оттука, како што рече, никој нема легитимно право да преговара за прашањето за националниот идентитет на македонскииот народ, за името на македонскиот јазик, за промената на Уставот на Република Македонија и за други прашања што навлегуваат во нашиот идентитет.

„Предлозите името Република Македонија, или евентуално име со географска одредница, да се изговара како во македонскиот јазик и да се пишува само со латинско писмо, односно името на јазикот, македонски исто така да се пишува со латинско писмо и да се изговара како што тоа се прави во нашата земја, се апсурдни и неодржливи. Тие суштински гледано навлегуаат во идентетските прашања и според тоа за нас се комплетно неприфатливи. Во ОН и нејзините органи и институции како работни јазици се користат само оние што како такви се изречно утврдени. Оттука Македонија во овој поглед би била исклучок, преседан и тоа би претставувало прекршување на нормите во Повелбата на ООН“, рече Фити.

За позицијата на Република Грција едно име за сите употреби (erga omnes) не треба да се разговара бидејќи, како што рече, тоа не е предвидено ниту со  Резолуцијата 837, ниту со Законот за ратификација на Привремената спогодба.

„Прифаќањето на еrga omnes (едно име за севкупна употреба значи едно име и за меѓународна и за внатрешна употреба) би значело промена на Уставот на Република Македонија, промена на имињата на нашите институции, ревизија на сите меѓународни договори во кои се користи уставното име на земјата. Според тоа, ваквото решение е фактички невозможно и неостварливо“, нагласи Фити.


Извор: МИА

Tags: имеМАНУТаки ФитиУстав
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ