• Latest
Добро утро со Орданоски

Кога цветаа тиквите

March 28, 2018
Фото: Б. Тахири

Дерала: Медиумите се слуги на партиските и олигархиските центри на моќ

October 9, 2025
Фото: Б. Тахири

Спасов: Измените на Изборниот законик се направени со Пржинскиот договор – тие норми се направени за тогаш, а не да траат до денес

October 9, 2025

Небиу: Изборите не се фер, пристапот кон парите, ресурсите, гласачите не е ист за сите

October 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американците не ја сакаат Трамповата федерална репресија со Националната гарда, тој сепак притиска напред

October 9, 2025
Вујкото на заложникот што го држи Хамас зборува за Си-Ен-Ен поради надежите за прекин на огнот. Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел проценува дека Хамас нема да може да ги врати останките на сите преостанати починати заложници

October 9, 2025

(Во живо) Панел на ЦИВИЛ: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност: Предизвици и решенија

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Селими: Добро е за демократијата тоа што се уште „не умре“ граѓанскиот сектор

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Хоџиќ: Пукнаа полулистичките балони кога актуалната власт почна да ја користи придавката Северна, кога не го укинаа договорот со Бугарија

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Незири: Има слобода на гласање, но има екстремна партизација – разликата од минатото е што порано имавме една партија, сега имаме повеќе партии

October 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Кога цветаа тиквите

March 28, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]С[/dropcap]поред медиумските извештаи од прес-конференцијата на јавниот обвинител Љубомир Јовески, во јавноста како успешно да е „протната“ тезата дека акционата политичка драма од 27-ми април минатата година започнала со телефонски повик во 14:30 часот со кој е дадена команда за насилен упад во Собранието. Потоа обвинителниот акт во детали ги опишува терористичките активности (за тоа се обвинети) на добро организираните насилници, во неколку групи и со различни вештини и задачи, меѓу кои и ангажманот за самата физичка ликвидација на Заев. Обвинителот тврди дека за сето тоа постојат докази, дека делата се несомнени.

Таман работа! Па, целата операција, како и самиот инкриминиран телефонски повик во 14:30 часот, впрочем, мора да е резултат на подготовка, планирање и инспирација за кои, доколку не се идентификуваат и обвинат ТИЕ конспиратори, џабе била целата истрага на Јавното обвинителство за самите собраниски настани! Или, Обвинителството сака да каже дека Чавков, навистина, е врвот на тој монструозен заговор, единствениот инспиратор, финансиер и организатор на настаните од 27 април?!

Мислам, што е право, Чавков не демонстрираше голема интелигенција со своето досегашно однесување во врска со тие настани, ама ќе излезе натпросечно глупав, особено (а може и дури!) за еден така висок полициски „дужносник“, ако се спогодил со Јавното обвинителство да си молчи и самиот да го плати крајниот цех за тоа што се испи, искрши и натепа на 27 април… Дополнително што од ноќеска повторно е уапсен (со уште 3-4 други обвинети), бидејќи еднаш веќе видовме што се случува со обвинети за тешки кривични дела на кои г. Јово Вангелов лежерно им дава шанса да избегаат пред раката на правдата, ослободувајќи ги од притвор.

Доколку, на крајот, сепак излезе дека вистинските инспиратори и организатори на настаните ќе останат непознати за општата и правната јавност – која, патем, ги знае сите по име и презиме и адреса на живеење, до трето колено, сосе хотелот во кој секој ден седат од утро до вечер – тогаш нема да остане ништо друго туку да се заклучи дека Обвинителството (а потоа, логично, и Судот) се дел од заговорот за криењето на вистината за тие насилни и грди кривично-правни дејанија.

Тоа, само по себе, е помагање во вршење на серија тешки кривични дела. Јас мислам дека за тоа, некој-некому, мора да платил и многу големи пари. А сосема е можно и вака фалично поставеното обвинение за тероризам – без главните конспиратори во него – да падне во судскиот процес и, во текот на судењето, да се „преквалификува“ во разни други полесни и понаивни, афективни однесувања на насилниците „испровоцирани од изборот на Талат Џафери“ итн…

Е, во таа точка започнува една нова, мачна мисла: а да не е тоа, всушност, целата валкана стратегија на Обвинителството на овој г. Јовески? Да не е тоа договорот-заговорот?! Да почне целата работа со драми околу притворите, па дополнителните притвори и големите „терористички“ обвинителски тапани и таламбаси, во таа „гужва пред гол“ да се „превиди“ ЦЕНТРАЛНОТО ПРАШАЊЕ на коешто треба да одговори овој судски процес – КОЈ стои зад обидот за државен удар на 27 април? – за на крајот, за некоја година, после сите жалби, молби и нови судења, кога сеќавањата ќе избледеат, а страста ќе спласне, да се сведе целата афера на условни осуди и казни, плус-минус, рамни на преседените притвори (а за Чавков, добро де, и некоја година повеќе)?

Оти, г. Љубомир Јовески веќе го „проголтавме“ како „транзициона фигура“, „понтонски мост“ од неговиот шеф Марко Зврлевски кон правната држава, но сите знаеме дека нему пензијата ќе му настапи веројатно и пред првите жалби да се поднесат за првостепените пресуди во процесов за „тероризам“… А, потоа, знаете како е: Дееее, па нема следниот шеф-обвинител да се занимава со грешките на својот претходник?! (Како што Јовески, нота бене, не се занимава со Зврлевски!) И нему/нејзе ќе ѝ треба „свеж“ старт, чист мандат за нови правораздавателни работни победи, неоптоварени со грешките на претходниците!

Цинична е оваа анализа на вчерашната прес-конференција на државниот обвинител, особено со оглед на новите притворања од ноќеска. Срамота. Какво време дојде, во сè да се сомневаме. А имавме толку убав ракопис како деца. Ама, ете, општеството, во меѓувреме, нè расипа…

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 27 априлдржавен ударЉубомир ЈовескиМарко ЗврлевскиМитко ЧавковСобраниетероризам
Share213Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ