• Latest

Заев: Сега е моментот да се искористи шансата за влез на Македонија во НАТО

April 4, 2018

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Сега е моментот да се искористи шансата за влез на Македонија во НАТО

April 4, 2018 16:11
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата Зоран Заев денеска имаше средба со проф. Фабрицио В. Лучиоли, претседател на Светската Атлантска Асоцијација (АТА) и делегација на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија (АТА Македонија) предводена од претседателот Исмет Рамадани.

На средбата присуствуваше и Стево Пендаровски, национален координатор за подготовка на Македонија за членство во НАТО и државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ.

Како што соопшти владината прес-служба, претставникот на АТА, Лучиоли во разговорот со премиерот Заев, заблагодарувајќи се на гостопримството, потенцираше дека во Македонија е дојден да ја изрази поддршката и порача дека Македонија заслужува да биде дел од евро-атлантските структури.

Лучиоли, кој е експерт за безбедност, рече дека НАТО има потреба од нова енергија и порача дека е потребно Република Македонија да остане посветена да го одржи континуитетот на процесите кои веќе една година забрзано ги исполнува. Тој го истакнал придонесот на Македонија во операциите, мисиите, предводени од НАТО, оценувајќи ги како важен дел за безбедноста на државата, за регионот и пошироко.

Премиерот Заев, честитајќи го Денот на НАТО, кој денеска се одбележува со повеќе активности во државата, ги информираше гостите дека Владата со поддршка на граѓаните и меѓународните партнери го трасира и не отстапува од патот за интеграција на Република Македонија во Северно-атлантската алијанса и ЕУ.

Истакнувајќи, дека над 75 проценти од граѓаните на Република Македонија посакуваат членство во ЕУ и НАТО, како што се наведува, премиерот Заев се заблагодарил за севкупната поддршка која ја прават особено организациите како АТА, кои не се политички организации, но вршат ширење на идејата за зајакнување на безбедноста на сите држави на континентот, со посебен акцент на јакнење на пријателските односи со соседите.

„Овој период е вистински момент, кој треба да го искористиме за што побрзо влегување во НАТО, како 30-та членка и ние сериозно се надеваме на тоа“, рече Заев.

Во таа насока, премиерот истакнал дека исполнувањето на Планот 3-6-9 за спроведување на итните реформски приоритети, во судството, медиумите, борбата против корупцијата, во јавната администрација, како и во изборното законодавство, се важни за резултатите во евроинтеграциите, но истовремено се значајни и за влез во НАТО.

„Владата е свесна за значењето на реформите кои што отвораат пат кон НАТО и ЕУ, но со тоа и ги отвораат и можностите за квалитетен живот на граѓаните. Стратешките цели на Македонија се членство во Северно-атлантската алијанса и Европската Унија и охрабрувањата многу ни значат“, рече Заев.

На средбата премиерот, како што се наведува, информирал и за актуелниот политички момент во земјата и ја потенцирал заложбата на Владата да го поттикне дијалогот и соработката на опозицијата, особено во делот на обезбедување на функционална работа на Собранието, со цел исполнување на исклучително важните реформи во однос на аспирациите на Македонија за членство во НАТО и ЕУ.

На средбата се разговараше и за реформите во делот на доброто владеење и владеење на правото, реформите во одбраната, во делот на можноста за идно зголемување на буџетските средства за одбраната, како и зголемено учество на Македонија во меѓународните мировни мисии


извор: МИА

Tags: АТАЕУЗоран ЗаевМакедонијаНАТОсредба
Share9TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ