• Latest

Поефикасна јавна администрација, правен систем и борба со коруцијата, препораки од ЕК

April 19, 2018

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
The Europe House, London, photo by European Commission

Украина и иднината на Европа: Украински, британски и европски парламентарци се среќаваат во Лондон

September 6, 2026

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Воениот злосторник меѓу хашката пресуда и политичката митологија – анализа на Костовски

September 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Поефикасна јавна администрација, правен систем и борба со коруцијата, препораки од ЕК

April 19, 2018 08:54
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

 Европската комисија во најновиот извештај за напредокот на Македонија ја оценува македонската јавна администрација како умерено подготвена во однос на стандардите на ЕУ.

Направен е прогрес со усвојување на стратегијата за реформа на јавната администрација и јавниот финансиски менаџмент. Направени се конкретни чекори кон зголемување на транспарентноста во носењето на одлуките, пишува во извештајот. Неопходно е зголемување на капацитетот на Министерството за информатичко општество и администрација за да може успешно да  ги спроведе реформите на јавната администрација. Клучно е да има силна политичка волја за професионализација на јавната администрација, особено при назначување на повисоките управувачки позиции и почитување на принципите на транспарентност, согласно мерит ситемот. и почитување на процедурите при нивното назначување. Неопходна е и натамошна обука на администрацијата за поуспешно имплементирање на административните процедури, препорачува ЕК.

Правен систем и владеење на правото

Направен е одреден прогрес и во правосудниот систем. Новата Влада покажа политичка волја да ги исполни Итните реформски приоритети. Назадувањето забележано во минатите години почнува да се поправа преку конкретни и одлучни чекори за постигнување независност на судството. Усвоена е нова правна реформска стратегија со која се предвидуваат натамошни реформи во оваа област во согласност со препораките од Венецијанската комисија и Итните реформски приоритети. СЈО се соочува со помалку опструкции од судовите и може поефикасно да ја извршува својата работа. Опструкциите со кои се соочуваше СЈО се намалија по промената на политичката клима и разрешувањето на поранешниот државен јавен обвинител. Тоа резултира со поднесување и процесуирање на повеќе случаи. Неопходно е релавантните институции да покажат проактивен однос кон СЈО за зголемување на ефиканоста на борбата против корупцијата.

Основните права и понатаму се во голема мера заштитени со закон, но како и во сите други области, потребна е посветеност за нивно спроведување. Надлежните независни и регулаторни тела треба дополнително да се зајакнат, со соодветен буџет и квалификуван персонал. Функционалната независност на овие тела мора да се гарантира во пракса. Неопходно е да продолжат напорите за реформа на судството за да може да функционира без влијание и притисоци. ЕК препорачува да бидат усвоени и спроведени мерките предвидени во стратегијата за судски реформи, вклучувајќи ги и реформата на системот за назначување, унапредување и разрешување на судиите и обвинителите, почитување на независноста на судскиот систем на сите нивоа, зајакнување на институциите задолжени за спречување и борба против корупцијата

Борба против корупција и организираниот криминал

ЕК и во оваа сфера костатира дека е постигнат напредок. Постои правна и институционална рамка иако се уште недостасува финализирање на случаите на повисоко ниво на корупција во судовите. Корупцијата останува присутна во повеќе области и продолжува да биде сериозен проблем. Институциите задолжени за борба против корупцијата покажуваат одредени слабости, а ризик остануваат и политичките влијанија. Земјата има усвоено европски стандарди за борба против организираниот криминал, но мора да продолжат напорите за нивна имплементација. Преземени се чекори за реформа на системот за следење на комуникациите предвидени со Итните реформски приоритети. Потребна е поефикасна борба со одредени форми на криминал како што се перењето пари и финансиски криминал. Координацијата меѓу релевантните институции е клучна за успешно справување со организираниот криминал. ЕК забележува и дека е многу мал бројот на процесуирани случаи и обвиненија за овој вид на криминал.

Извор: МИА

Tags: ЕКизвештајМакедонијапрепоракиреформи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ