• Latest

Премиера на „Партија реми“

April 20, 2018

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Премиера на „Партија реми“

April 20, 2018 07:54
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Драмски театар-Скопје вечер од 20 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Партија реми“ во режија на Виолета Џолева, со која актерот Ѓокица Лукаревски ќе одбележи 40 години актерска кариера. 

Прашањето што го поставува претстава е дали е животот среќа или стратегија, а делењето карти е метафора за шансите што ги користиме  или не во животот.  Текст е на американскиот драмски автор Доналд Ли Кобурн, кој за него добил Пулицерова награда во 1978 година.

Со Лукаревски на сцената е и актерката Маја Вељковиќ-Пановска. Играат ликови на човек и жена во дом за стари лица кои преку играњето карти се запознаваат и си ги раскажуваат животите.

Според Џолева, текстот е едноставен, но суптилен и со длабока филозофија за животот и порака дека секој ден ни носи ново делење на картите. „Партија реми“, рече таа на прес-конференција,  е синоним за играта што сите ја играме во животот кога ќе ни се поделат картите.

– За некои тие се среќни и се чини се им оди наредено, иако не се вешти, а од друга страна има луѓе кои ги знаат сите техники како треба да се живее, но не добиваат наредени карти и е многу важно да се потрудат да најдат начин како да го направат ремито. Конфликтот меѓу едната и другата филозофија на живеење е ставен во домот за стари лица, кога двајцата ги поминале своите животи и ги анализираат грешките што ги направиле, а низ нивната приказна и гледачот во публиката може да размислува за својот живот, рече Џолева. Сакала среќен крај и претставата завршува оптимистички – дозволувајќи им да си дадат уште една шанса, да заминат во живот, да го напушат домот.

Актерот Ѓокица Лукаревски е задоволен што својата 40-годишна активна актерска кариера ја почнал и ја заокружува во Драмски театар.

Ѓокица Лукаревски

– За мене Драмски театар засекогаш ќе остане најдобриот  во бившите и сегашните простори, без разлика на одредени кризи што ги преживува и кои, секако, ќе ги надмине. Можеби е тажен момент заминувањето од еден простор каде што сум креирал улоги и кој ми значел живот, но не –  јас сум среќен што имам шанса да ги одбележам 40-те години работење, истакна Лукаревски на завчерашната прес-конференција.

Сценографијата е на Доротеа Ѓорѓиевска, костимограф е Лидија Георгиева, а изборот на музиката е на режисерката Џолева.


Извор: МИА

Tags: Драмски театарПартија ремипремиера
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ