• Latest

Јаневски: Македонија мора да најде начин да ги задржи туристите

April 21, 2018
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Јаневски: Македонија мора да најде начин да ги задржи туристите

April 21, 2018 08:06
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Македонија како дестинација се уште не може да ги задржи гостите. Нивниот број бележи раст, но должината на престојот се намалува. Мора да работиме помодерно, на современ начин, да понудиме дополнителен туристички производ, да фатиме чекор со новиот, електронски начин на промовирање, да го смениме моделот на субвенционирање и да го подигнеме нивото на свест за плаќање туристичка такса.

Како што вели директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски во интервју за МИА, мора да обезбедиме повеќе од она што го очекуваат туристите. Туристичкиот сектор почнува да се буди на тоа поле, а за министерство за туризам се уште не сме зрели.

Според Јаневски, има туристи кои допрва дознаваат што е Македонија, некои немаат поим каде е. Такви има од секаде, освен од Балканот, а Холанѓаните за кои често се жалиме дека вонпансионски не трошат, не се сиромашни, туку нашата понуда е сиромашна за нив и нивниот пазар.

– Многу поспоро растеме во директниот туристички приход. Мора да понудиме дополнителен туристички производ, секојдневно да создаваме дополнителни содржини. Субвенциите, пак, во оваа форма каква што се сега, дадоа ефект, но моделот треба да се смени. Насоката треба да биде македонскиот туристички сектор. Ќе даваме помалку субвенции, но поефикасни, кои ќе бидат за размрдување на македонскиот туристички сектор. Тоа е основата што мора да ја направиме, истакнува Јаневски.

директор на агенција за туризам

Јаневски најавува нова стратегија, измени во Програмата во насока на осовременување на дејноста, нов, малку поинаков гастрономски водич „Вкусовите на Македонија“, посета на новинари од Си-Ен-Ен, Би-Би-Си и Нешнал џиографик,…

Годинава очекува поголем број на туристи за 10 – 15 отсто. Предвидува дека Полјаците ќе бидат 50 отсто побројни и дека ќе генерираат 70-80 отсто зголемен број ноќевања.

Годинава таргет на Македонија и е Европа, а во соработка со Србија и Црна Гора веќе е иницирано создавање нов производ – „Патот на вранецот“, посебно наменет за источните пазари и продавање на регионот како една туристичка дестинација.

Агенцијата цени и дека Романија е интересен пазар, поради што размислува да го развива. 

Директорот Јаневски се осврнува и на кинеските визи. Вели, сакаме да се укинат, а не ја гледаме другата реалност, дека немаме водичи на кинески јазик.


Извор: МИА

Tags: интервјуМакедонијатуризам
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ