• Latest
Добро утро со Орданоски

Охридски Демолишн Бенд

April 25, 2018

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Охридски Демолишн Бенд

April 25, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]Н[/dropcap]е знам кој се сетил да ја ангажира „Охридската група“ за афирмација на членството на Македонија во НАТО, но замислата – дури и со симболиката на Охрид во неа – е моќна и на тој (или таа?) што ја смислил таа идеја треба да му се честита. Тешко дека можете да составите „македонски список“ на поголеми „тешкаши“ од овие, бидејќи нивното комбинирано политичко и меѓународно искуство комотно би можело да се употреби за раководење и со Советот за безбедност на ОН, а не пак за потребите на асистенцијата на Македонија за зачленување во Алијансата.

Штета е што, освен Шекеринска, меѓу овие „тешкаши“ нема уште некоја жена. Но, тоа само кажува дека безбедноста во глобални рамки е сè уште главно „машка работа“.

Иако сите членови на оваа група се, фактички, пензионери (со разно-разни титули и позиции по невладини, безбедносни, политички и бизнис организации), во светот на лобирањето, формалните работни статуси не мора да соодветствуваат на влијанието што го имаат лобистите. Луѓето од „Охридската група“ можат да ја отворат, буквално, секоја врата во и за НАТО, без разлика кој седи зад неа. Повеќемина од оваа група ги познавам лично, а со некои сум имал прилика за долги разговори. Нема кај нив импровизации, ако добро се мотивираат.

На пример, британско-шпанската комбинација на бившите генерални секретари на НАТО, Робертсон и Солана, е како во сениорскиот тим на „Шкендија“ да ги ангажирате Меси и Роналдо, бидејќи нивните врски и познанства во Алијансата (и не само таму!) веројатно се подобри и од оние на сегашниот генерален секретар на таа безбедносна организација… „Сивата еминенција“ на германската дипломатија, пак, Волфганг Ишингер (меѓу другото, бивш политички директор и заменик министер на германското МНР, германски амбасадор во Вашингтон и Лондон, а сегашен директор на Минхенската безбедносна конференција!), беше долгогодишен клучен германски играч за решавање на валканите балкански кризи (вклучувајќи го и Дејтон) – нему највисоката безбедносна политика му е секојдневно „добро утро“, „бон-апетит за ручек“, „наздравје кафенце“ и „лека ноќ“, седум дена во неделата… Нема земја во регионот во која Карл Билд, поранешниот шведски министер за надворешни работи и претседавач на Советот на министри на ЕУ, нема помогнато да се најде некое конструктивно решение, а да го слушаше што му зборува кога минатиот април, на седум дена пред насилствата во Македонското собрание, неформално се сретна и со Груевски во Скопје, сигурен сум дека тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ сега ќе беше барем до колена, а не до гуша во калта во која се наоѓа… Амбасадорот Ален Ле Роа ќе мора да ни помогне во барем мало авансирање на нашите позиции во Париз, бидејќи со Французите, традиционално, имаме компликувани, амбивалентни односи, со оглед на нивната тврда српско-грчка балканска оска на интереси во регионот… Со оглед на надворешно-политичкиот (а и, воопшто, другиот) хаос што владее во Вашингтон, не сум сигурен колку американскиот дипломатски тешкаш од ерата на Клинтон, Роберт Гелбард, може да ја турка нашата агенда кај Американците, но тие секако се најцврсто застанати зад нашето членство во НАТО… И искуството на Росен Плевленлиев, поранешниот претседател на Бугарија, е уште еден добар балкански „мост“ за зацврстување на односите со Софија, која во овој клучен период игра „пивотална“ улога за нашите евро-атлантски амбиции…

Да беше жив Ричард Холбрук, претпоставувам дека и тој, речиси по инерција, ќе се приклучеше на овој политичко-дипломатски Демолишн Бенд. Оти тој знаеше како и од каменот вода да исцеди.

Сè си мислам дека анти-НАТО круговите во Скопје би требало сериозно да се загрижат. Нашиот драг пријател и доброчинител од Русија, амбасадорот Шчербак, ќе мора во теоријата за македонската воена неутралност од неделава да вклучи и нови варијабили, оти македонската шанса за влез во НАТО тукушто стана многу поизвесна.


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ.

Tags: МакедонијаНАТООхридска група
Share146TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ