• Latest

Дискредитирањето на онлајн-медиумите е обид за нивно лиценцирање

May 8, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Дискредитирањето на онлајн-медиумите е обид за нивно лиценцирање

May 8, 2018 12:32
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на новинарите  е незадоволно како Граѓанскиот суд и Апелацискиот суд во Скопје го применуваат Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета и од тоа што и покрај одредбата со која се регулира одговорноста на електронските публикации, овие судови и натаму ги одбиваат тужбите за клевета и навреда против онлајн-медиумите.

Објаснувањето дека тие не биле медиуми, а луѓето што работат таму не се новинари, според ЗНМ е крајно несериозно, паушално, неодговорно и тенденциозно однесување на одредени судии и смета дека претставува заобиколен обид за лиценцирање медиуми и новинари што, рече, е недемократска практика во авторитарни држави.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани на денепната прес-конференција оваа појава, за која кажа, за среќа ја нема кај другите апелациски судови во земјата, ја забележале и порано, но сметале дека преку состаноци со судовите  ќе ги убедат да ја променат или усогласат судската пракса со останатите апелациски подрачја.

– Но деновиве добивме нова одлука на Апелацискиот суд и не само што досега правеа обиди да ги дискредитираат онлајн-медиумите како немедиуми, во оваа нова пресуда – луѓето кои работат во овие медиуми ги третираат како неновинари. Оваа практика е апсолутно неприфатлива затоа што е обид да се лиценцираат медиумите. Не е работа на судот да кажува кој е медиум и кој е новинар. Законот за граѓанска одговорност е многу јасен и тие треба тој закон да го применуваат. Нивната намера очигледно е дека сакаат да создадат таква перцепција во јавноста дека овие медиуми работат надвор од законот,  што не е точно. Закони има само треба да бидат спроведени, истакна Селмани.

Се сомневаат дека ваквата судска пракса на Граѓанскиот суд и на Апелацискиот суд во Скопје има политичка заднина која треба да ги дискредитира онлајн-медиумите и, како што рече, да обезбеди лажно алиби на владата за да воведе нивна построга регулација, спротивно на европските стандарди за слобода на интернет.

– Предупредуваме дека обидите на одредени партиски кругови, кои бараат наводна законска регистрација на овие медиуми, е опасна политичка игра, чија цел е државата да ја контролира нивната медиумска содржина. Освен тоа, намерата на судот е да ги спречи онлајн-медиумите и новинарите кои работат таму да ги користат поволностите што ги нуди законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, како што е ограничувањето на надоместоците за нематеријална штета и основите за нивно исклучување од одговорност, рече Селмани.

ЗНМ бара од Врховниот суд на Македонија во најкраток рок да постапи по нивното барање за усогласување на судската пракса и во иднина Граѓанскиот и Апелацискиот суд во Скопје да ги процесуираат предметите. Ќе достави и претставка до Судскиот совет за сите судии што несоодветно и селективно го применуваат Законот со цел да утврди одговорност. Ја повика и меѓународната заедница за, како што рече, да се спречи ваквиот атак против слободата на говорот, професионалните онлајн медиуми и обидот за нивно лиценцирање. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Апелационен судГраѓански судЗНМНасер Селманионлајн медиуми
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result