• Latest

Не треба посебно министерство, за Владата да биде отчетна и транспарентна!

May 10, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Не треба посебно министерство, за Владата да биде отчетна и транспарентна!

May 10, 2018 16:50
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Што се случува со медиумите во периодот на бескрајна транзиција, која е функцијата на новинарите и уредниците, каков е нивниот меѓусебен однос, а каков е односот на сопствениците, што со политичките и бизнис-елитите кои сакаат да ги стават под чадор медиумите во Македонија…, беа дел од темите на денешната панел-дискусија „(Не) Слободни медиуми во Македонија“ која во Клубот на новинарите, како дел од проектот „Слободни медиуми за слободно општество“, ја организираше ЦИВИЛ – Центар за слобода.

На овие прашања се обидоа да дадат одговор Зоран Димитровски, главен и одговорен уредник на неделникот „Фокус“, Атанас Кировски, директор и главен уредник на телевизија Телма и Синиша Станковиќ, новинар и член на ЦИВИЛ.

„Ако го имаме предвид минатиот период, владеењето на претходната власт, има промени“, истакна Кировски. Според него, стандардите кои се поставени, се превисоки во однос на реалноста која ја живееме.

„За 21 век не е голема работа да може да одиме каде сакаме и да известуваме за што сакаме, но за мене, по сите изминати години, тоа е голема работа!“, рече Кировски.

„Во целата оваа дебата за слободата, како да изумивме дека имавме режим во кој за првпат имавме осуден и затворен новинар за пишан текст. Да не го заборавиме тоа, додека сега зборуваме за финеси, за закони и за интернет ботови“, потенцираше Димитровски. Зборувајќи за нападите и за физичката небезбедност на новинарите, тој истакна и дека кога е во прашање животот, се друго има помала важност.

„Мораме да видиме каде сме биле, а – бевме на многу грдо место!“, потенцираше Димитровски.

На прашањето што треба да се преземе сега во новинарската сфера, за да се врати достоинството на професијата, Кировски нагласи дека новинарите се наоѓаат во една лимбо-ситуација.

„Толку е одмилена струката што на Факултетот за новинарство се запишуваат многу мал број студенти, а на приватните, ситуацијата е уште полоша… Не се запишуваат студенти, а од оние малкуте кои ќе дипломираат, 90% не сакаат да се занимаваат со новинарство“, рече Кировски.

Димитровски, пак ја нагласи улогата на државата во целата оваа приказна.

„На почетокот на мандатот, оваа Влада формираше и ресор за транспарентност и отчетност. Ние имаме министер за отчетност и транспарентност! Владата мора да биде отчетна и транспарентна, не им треба министер да им го каже тоа!… Од друга страна, нормално е новинарите да влезат во пи-ар службите на власта, кога таму платата им е 30 или 35 илјади, наспроти 18 или 20 илјади како новинари“, истакна Димитровски.

На прашањето за односот на сопствениците на медумите кон новинарите, сите соговорници се согласија дека најдобар сопственик на медиум е новинар. Но, исто така нагласија дека неретко – мета на политички или бизнис притисоци се и самите сопственици.

„Ние немаме слободен пазар, за каква слобода да зборуваме?“, праша Кировски.

 

Маја Ивановска
Фотографии: Биљана Јордановска

Tags: Атанас КировскидебатаетикаЗоран ДимитровскиМедиумимедиумски слободиморалСиниша СтанковиќстандардиЦивил
Share22TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ