• Latest

Сунио нова можност за решавање на преостанатите спорни прашања

May 11, 2018
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Први во Европа, но поточно по што?

August 22, 2026
Screenshot

Зеленски за нападот во Криви Рих: Апсолутно руско ѕверство, дефинитивно ќе одговориме

August 22, 2026
Гари Каспаров, цитат (фото извор: Енциклопедија Британика; графичка обработка: ЦИВИЛ МЕДИА)

Гари Каспаров: Единствениот начин руската агресија да не се повтори е таа да биде поразена во Украина

August 22, 2026

Националистичко месечарење – или – нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Сунио нова можност за решавање на преостанатите спорни прашања

May 11, 2018 07:35
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров денеска повторно ќе седне на иста маса со неговиот грчки колега Никос Коѕијас, на маргините на вториот состанок на министрите за надворешни работи на балканските земји и Вишеградската група, што се одржува во Сунио во близина на Атина.

Двајцата министри, претходно на 4-ти овој месец, учествуваа на квадрилатералниот состанок во Солун.

Димитров, како што соопшти МНР, на покана на Коѕијас ќе учествува на вториот состанок во проширен состав на министрите за надворешни работи од Балканот и Вишеградската група, во таканаречениот формат „Балкан 4 плус Вишеград 4 плус“.

Средбата со Коѕијас официјално не е потврдена, но е очекувана во процесот на интензивирање на преговорите за спорот околу името, а за в сабота е закажан нов состанок на двајцата министри со медијаторот на ОН, Метју Нимиц. Состанокот со Нимиц ќе се одржи во Атина.

Шефовите на дипломатиите на последната средба во Солун, како што информираа, разгледувале комбинаторки за најспорните прашања – промена на Уставот и опсегот на употреба.

Димитров и Коѕијас најавија дека за разгледуваните комбинаторики ќе ги информираат премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас, кои пак, се очекува да се сретнат на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан, кој ќе се одржи на 17 мај во Софија.

Димитров во Сунио вчера се сретна со поранешниот грчки премиер, а сега лидер на Сегрчкото движење на демократските социјалисти и на социјалистичката интернационала, Јоргос Папандреу.

– Инспиративна средба со Папандреу за иднината на нашите две земји кои имаат историска можност во блиска иднина да станат сојузници. Историјата е важна. Но ние можеме да ја промениме само иднината, напиша на својот Твитер профил по средбата министерот Димитров.

Од прес-центарот на партијата на поранешниот грчки премиер, како што јави дописничката на МИА од Атина, кусо соопштија дека Димитров и Папандреу разговарале за мирот и стабилноста на Балканот.

Државниот министер за европски прашања во МНР на Германија, Михаел Рот, вчера на заедничката прес-конференција во Владата со премиерот Зоран Заев рече дека прашањето за името треба да се реши годинава или статус кво ситуацијата ќе продолжи со години.

– Има волја на двете страни и може да се стигне до заеднички прифатлив компромис. Медијаторот Матју Нимиц има клучна улога, но владите на двете земји се тие кои го водат процесот. Потребни се конструктивност, креативност и флексибилност. Македонската Влада е позитивна и креативна, а таква е и Владата во Атина, и затоа гледам светлина на крајот на еден долг тунел, рече Рот.

Тој додаде дека последните изјави ја потврдуваат волјата прашањето сега да се реши, и двете страни се подготвени за тешки компромиси. Порача дека не треба да се поставуваат црвени линии, а неопходно е да има и дијалог меѓу власта и опозицијата. (МИА)

Tags: ДимитровКоѕиассостанок
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ