• Latest

Решението во рацете на Заев и Ципрас

May 13, 2018

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Решението во рацете на Заев и Ципрас

May 13, 2018 12:08
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

 Изјавата на медијаторот Метју Нимиц по вчерашната шестчасовна средба со шефовите на македонската и грчката дипломатија, ја пренесуваат медиумите во Грција, со коментар дека топката и решението сега се во рацете на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

„Средба Ципрас – Заев: Нов прозорец за решение“; „Скопското прашање: Палката во рацете на премиерите“; „По шестчасовната средба на Нимиц, Коѕијас и Димитров соопштена средбата Ципрас- Заевт“; „Во рацете на Заев и Ципрас палката за скопското прашање“; „Сунио ги обнови амбициите за решение на скопското прашање“ се дел од насловите во медиумите во Грција за вчерашната средба на Димитров – Коѕијас – Нимиц, јави дописничката на МИА од Атина.

– Средбата на Коѕијас и Димитров со Метју Нимиц, во траење од шест часа, доведе до поклопување на позициите и го отвори патот за средба на двајцата премиери, објави грчката државна телевизија ЕРТ.

– Ако немаше напредок во разговорите, немаше да се закаже средбата на двајцата премиери, рече новинарката од грчката телевизија Алфа во синоќешното издание на централните вести.

– Во рацете на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев поминува следниот круг преговори за скопското прашање. Коѕијас и Димитров во сенка на храмот на Посејдон во Сунио ги доведоа преговорите во крајната фаза и сега клучните одлуки се пренесуваат на највисоко ниво, објави телевизијата Антена.

– По продуктивната, според Нимиц, средба на Коѕијас и Димитров во Сунио, состанокот Ципрас – Заев во Софија е одлучувачки за преговорите, пишува порталот Њуз 247.

– Палката за решавање на името веќе е во рацете на премиерите на Грција и ПЈРМ, по средбата на министрите за надворешни работи на двете земји со Метју Нимиц. Разликата и понатаму е за ерга омнес, додека пак во изминатите часови се чини дека на преговарачката маса се наоѓа конечниот предлог на Скопје, напиша доцна синоќа грчкиот информативен портал Ин, пренесувајќи ги информациите објавени во весникот „Та неа“, односно како што вчера објави МИА, сценариото за решение со период од две години за имплементација.

Ова сценарио го пренесоа и други грчки електронски медиуми, како наводен предлог од македонска страна.

Грчките медиуми потсетуваат дека средбата на Заев и Ципрас на маргините на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Софија ќе биде втора по ред, по разговорите во јануари во Давос.

Вчерашната средба во хотел во местото Сунио во близина на Атина, заврши без изјави од шефовите на двете дипломатии и без да постојат дополнителни информации или детали за преговорите на Димитров, Коѕијас и Нимиц. (МИА)

Tags: ГрцијаЗаевимеМакедонијаПреговорирешениеЦипрас
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ