• Latest

Тевдовски: Фирмите добија над 120 милиони евра поврат на ДДВ

May 19, 2018
Фото: Скриншот од видео на DW

Седуммина милитанти на Ал Шабаб облечени како војници упаднале во сомалиски затвор, владата тврди дека сите се убиени

October 5, 2025
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Тевдовски: Фирмите добија над 120 милиони евра поврат на ДДВ

May 19, 2018 08:10
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Подобрена е наплатата на приходите кај скоро сите ставки во буџетот и зголемен е повратот на ДДВ во првите четири месеци годинава, истакнува министерот за финансии Драган Тевдовски во интервју за МИА.

– Кај вкупните приходи имаме годишен раст од 4,6 отсто. Даночните приходи се повисоки за 7,2 отсто, додека придонесите за шест отсто – споредбено првите четири месеца 2018 во однос на истот период 2017. Ова укажува на зголемена економска активност, како и на раст на личниот доход, согласно растот на придонесите и на наплата на персоналниот данок на доход за 6,1 отсто, вели Тевдовски.

Министерот посочува дека повратот на ДДВ кон фирмите е за 40 отсто повисок во однос на минатата година.

– Првите четири месеци извршен е поврат на 7,5 милијарди денари или 121 милион евра, што е за 40 проценти повеќе во однос на лани. Повратот на ДДВ кон фирмите се прави навремено и неселективно, што е значаен импулс за поддршка на нивните редовни активности и инвестиции, истакнува Тевдовски.

Тој во интервјуто посочува дека досега скоро секоја година имало ребаланс на буџет и притоа најголем број од ребалансите биле поради потфрлање на приходи, но оти сега нема таков проблем.

– Ние немаме таков проблем. Сега повеќе треба да се делува од страна на институциите за подобра реализација на капиталните расходи. Буџетскиот дефицит заклучно април е помал во однос на лани. Ако лани изнесувал -0,6 отсто, оваа година е -0,4 отсто од проектираниот БДП. Со оглед на тоа дека имаме добра наплата на приходите, имаме расположиви средства во буџетот, може да се размислува во текот на годината за нивна прераспределба во ставки каде очекуваме подобра реализација, вели Тевдовски.

Во однос на обвинувањата на опозицијата за презадолженост, Тевдовски одговара дека  јавниот долг е намален. – Да потсетиме дека овие обвинувања доаѓаат од партија која кога беше на власт го зголеми јавниот долг за 3,2 милијарди евра или од 23 отсто на 48,5 отсто од БДП меѓу 2008 и 2016 година. Парите отидоа на жални врби, палми, споменици, панорамско тркало. Во 2017 првпат после осум години имаме намалување на јавниот долг на годишна основа. Во првиот квартал од 2018 повторно има намалување на јавниот долг за 0,3 процентни поени од БДП. Истовремено, траспарентноста за трошењето на јавните пари е зголемена, додека помалку продуктивните трошоци се значајно намалени, вели Тевдовски.

Според него, и структурата на долгот е подобрена. Наведува дека ако во април 2012 година соодносот на краткорочни и долгорочни запишани домашни државни хартии од вредност била 93 отсто наспроти седум отсто во интерес на краткорочните, сега соодносот е 60 отсто долгорочни во однос на 40 отсто краткорочни. – Ваквиот сооднос обезбедува намалување на ризикот за рефинансирање на долгот, вели Тевдовски.

Во однос на очекувањата за економски раст, министерот истакнува дека Владата останува на проекцијата за 3,2 отсто раст, што е во согласност со ревидираната проекција на Европската комисија и Народната банка. Додава дека ризиците во однос на домашното окружување се значително намалени во услови на стабилизирање на домашната политичка состојба.

– Растот се очекува да биде придвижен од приватната потрошувачка, инвестициите, како и засилената извозна активност. Очекувањата за раст на приватната потрошувачка се поврзуваат со очекуваниот раст на вработеноста и платите во приватниот сектор, подигнувањето на минималната плата, растот на платите во здравството, образованието и одбраната. Приватната потрошувачка се очекува да биде поддржана и од предвидениот раст на кредитирањето на населението. Позитивен придонес врз економскиот раст се очекува да имаат планираните инвестиции на јавниот сектор и поддршката на инвестициската активност на домашните и странските претпријатија, посочува Тевдовски.

Министерот истакнува дека предвидениот раст на економската активност се очекува да биде придружен со раст на вработеноста, кој ќе биде поттикнат и преку активните мерки и програми за вработување, како и поддршката на домашните и странските претпријатија за отворање нови работни места. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: буџетповрат на ДДВТевдовскифирми
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ