• Latest

Оглас за нови членови на ДИК

June 5, 2018
Скриншот од видео на WLOS ABC 13 News

Русија се врати на масата на Г20, Европа возврати со бојкот: Бесент му порача на Силуанов – нема економско олеснување додека трае војната

September 1, 2026

Две години ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Секојдневен граѓански форум со ЦИВИЛ, гласно и бескомпромисно

September 1, 2026

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Оглас за нови членови на ДИК

June 5, 2018 08:49
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во весниците денеска е објавен оглас за нови членови на Државната изборна комисија (ДИК) за следните шест месеци. Ова ќе биде привремен состав на Комисијата, бидејќи до есен се очекува да биде изготвено новото изборно законодавство, со кое ќе биде опфатен и составот на ДИК. 

Собранието вчера ја достави одлуката за распишување на огласот до Службен весник, а се однесува на избор на претседател, заменик-претседател и петмина членови на Комисијата. Огласот ќе трае осум дена од денот на објавување во Службен весник.

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата треба да подготви предлог листа по завршувањето на огласот.

Претседателот на Собранието ги известува партиите што освоиле најмногу гласови на последните избори во рок од три дена од денот на приемот на известувањето да му достават предлог за членови на ДИК.

Претседателот на привремениот состав и двајца членови на ДИК ќе треба да го делегира опозицијата, а партиите на власт да предложат потпретседател и тројца членови.

Членовите на ДИК ќе ги избира Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Лицето кое ќе биде избрано за член на ДИК треба да е државјанин на Република Македонија со постојано место на живеење во земјата, да има завршено високо образование со најмалку осум години работно искуство и да не е член на орган на политичка партија.

На избраните претседател, потпретседател и членови на Комисијата од денот на изборот работниот однос ќе им мирува.

Засега нема информации кој ќе биде во составот на ова привремено изборно тело. Партиите се уште не ги соопштуваат можните кандидати кои би ги поддржале, ниту, пак, има информација, каква ќе биде поделбата на местата кај владејачките партии на Албанците ДУИ, Беса и ДПА. Но, реално е дека до крајот на јуни Македонија ќе има нов состав на ДИК.

Освен за избори Државната изборна комисија е надлежна и за организирање референдуми и јавни изјаснувања, а клучна е исто така за мандатите на пратениците, градоначалниците и советниците во локалните самоуправи.

За ваквото решение за шестмесечен привремен состав на ДИК беа согласни сите парламентарни партии и измените на Изборниот законик, во делот на ДИК беа донесени едногласно.

Откеко во јавноста беше обелоденето дека земале големи надоместоци, членовите на последниот состав на ДИК си поднесоа оставки, со исклучок на претставничката на Беса.

Во овој контекст, ЦИВИЛ -Центар за слобода денес во 13 часот во хотел Континентал  организира 120-минутен јавен настан „АЛАРМ: Слободни избори, услов за кои (не)се преговара“, на кој, уште еднаш, во проширена и детализирана форма, ќе ги презентира препораките за реформи во изборниот систем. Настанот ќе биде поделен во два дела: воведни излагања на експертскиот борд на ЦИВИЛ и дискусија од пријавените говорнички и говорници на самиот настан.
Воведни излагања ќе имаат Хедер Роберсон Гастон (САД), Сашо Орданоски, Александар Новакоски, Сандра Гавриловска и Џабир Дерала.

Д. Т.

 

Tags: ДИКјавен настаннови членовиОгласЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ