• Latest

Договорот меѓу Македонија и Грција, топ-вест во светските новински агенции

June 17, 2018

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Договорот меѓу Македонија и Грција, топ-вест во светските новински агенции

June 17, 2018 14:48
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Франс Прес: Грција и Македонија потпишаа историски договор за ставање крај на спорот за името

Грција и Македонија потпишаа историски прелиминарен договор за преименување на малата балканска нација Република Северна Македонија, завршувајќи го спорот што ги отру односите меѓу двата соседи од 1991 година … Договорот има за цел да почне да го одмотува еден од најдолгите – и дефинитивно најапсурден – дипломатски спор, кој почна пред 27 години кога Македонија прогласи независност.

Ројтерс: Грција и Македонија потпишаа договор за промена на името на поранешна југословенска република

Договорот, потпишан на Преспанското езеро во северна Грција, кое се граничи со Македонија и со Албанија, е надеж дека ќе ги реши речиси тридецениските разговори меѓу двете страни за името на младата балканска држава. Се уште треба да биде одобрен од страна на двата парламента, а во Македонија и со референдум.

Би-Би-Си: Спор за името во Македонија: премиерите гледаат како министрите потпишуваат историски договор

Грција и Македонија потпишаа договор кој има за цел да се реши деценискиот спор околу името на Македонија. Според договорот, соседот на Грција ќе биде познат како Северна Македонија.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас рече дека тоа е „храбар, историски и неопходен чекор за нашите народи“. Договорот се уште треба да биде одобрен од парламентите и на референдум во Македонија.

Националистите од двете страни велат дека го уништува нивниот идентитет.

Асошиејтед прес: Грција и Македонија потпишаа договор со кој завршува долгогодишниот спор околу името

Грција и Македонија потпишаа договор со кој, доколку биде ратификуван, ќе се реши деценискиот спор во врска со името на Македонија.

Според договорот, северниот сосед на Грција ќе биде преименуван во Северна Македонија – чекор за кој лидерите на двете земји рекоа дека ќе биде почеток на поблиски, пријателски односи и пример за сите балкански држави. Договорот, исто така, ќе и овозможи на Македонија да се обиде да влезе во НАТО и во Европската унија.

ДПА: Грција и Македонија потпишаа историски договор за името

Грција и Македонија потпишаа историски договор за ставање крај на речиси тридеценискиот спор околу името Македонија, отворајќи го патот за поранешната југословенска република да влезе во НАТО и да почне да се движи кон членство во ЕУ.

Министрите за надворешни работи Никос Коѕиас од Грција и Никола Димитров од Македонија го потпишаа документот во Псарадес, на брегот на Преспанското Езеро, кое е поделено меѓу двете земји и Албанија.

– Ова е историски чекор. Нашите земји го оставаат минатото зад себе и гледаат кон иднината, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас.

– Каков прекрасен, славен и историски ден, рече неговиот македонски колега Зоран Заев пред потпишувањето.

(МИА)

Tags: ГрцијаМакедонијасветски новински агенцииСпогодба
Share25TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ