• Latest

Муслиу: На оваа држава и требаат визионери и излезни решенија!

July 7, 2018

24 ЧАСА: Јовановиќ „потврди“ – Македонија е на четврто место во Европа, ама одзади; Ден на сеќавање на украинските деца; Геноцидот продолжува – затворени центрите за помош во Газа

June 4, 2025
Фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Од сојузници до непријатели: Арсовска и Мицкоски во жесток судир пред избори

June 4, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали сте за една изборна единица?

June 4, 2025
Фото: Скриншот СР24

Маск го нарече даночниот закон на Трамп „одвратна гнасотија“

June 4, 2025

Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

June 4, 2025
Руте: НАТО работи на одржување на стабилноста на Западен Балкан

Руте: Украина е поканета на Самитот на НАТО, но нема формално ветување за влез во Алијансата

June 4, 2025
Избирачки ливчиња (фото: МИА)

Нови дилеми – Една ИЕ жежок костен за политичката елита!

June 4, 2025

Европската Унија додели 50 милиони евра за вработување на млади во Албанија

June 4, 2025

„Европски фронт“ поднесе интерпелација за претседателот на Уставен суд Костадиновски, поради прекршување на Законот за употреба на јазиците

June 4, 2025
Фото/, Х на унраинската амбасадорка Лариса Дир

Амбасадорката Дир: На 4 јуни оддаваме почит на децата чии млади животи ги одзеде државата-агресор, која одбива да го прекине огнот

June 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Муслиу: На оваа држава и требаат визионери и излезни решенија!

July 7, 2018 12:53
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Алберт Муслу, извршен директор на Асоцијацијата на демократски иницијативи – Македонија на конференцијата „Македонски перспективи: Како до Европа?“, во организација на ЦИВИЛ и МЦМС, зборуваше за грешките од минатото, но и за предизвиците кои се пред нас на патот кон Европската Унија и НАТО. 

„Еден ноторен факт е дека во 2014 година ние бевме апатично општество со нервозни граѓани. Општество коешто беше дојдено во таа фаза каде што сите веруваат дека ништо не може да се смени. И сите бевме предмет на една политичка група на неодговорни политичари кои ги фатија институциите во свои раце и бараа од сите нас да станеме дел од нивната работна сила. Но, се случи промена. Таа беше тешка токму поради тој факт дека бевме апатично општество. Имавме минимална спремност за колективен одговор на аномалиите во општеството.

Знаете, ние во 1990 година бевме една од федералните единици која имаше најнаивни проблеми во однос на другите екс-ју федерални единки. Дури и една Словенија помина низ еден краток воен виор за да стане независна, додека ние излеговме од таа Југословенска Федерација како држава која имаше нерегулирани меѓуетнички односи и имаше слаба фаза на корупција, слаби институции, но другите проблеми низ кои поминаа Словенија, Хрватска, Босна, Косово и Србија ние ги немавме. И во тоа време се чинеше дека тие проблеми се најнаивни, дека тие проблеми се надминливи, но ни се случи тоа дека тие проблеми се уште не следат. Не следат затоа што токму тие проблеми неретко од неодговорни политичари кои правеа политиканство се користеа за градење на политички кариери.

Еден од тие проблеми е и проблемот кој го имавме со Република Грција. Тој проблем со Грција ја надмина фазата на евентуално територијално решавање во раните 90ти години. Ние сите знаеме кои биле разговорите меѓу грчката и српската страна во тоа време. Но потоа влезе во една фаза на апатија. Ние сега сите мечтаеме да ни се вратат можностите од 1993 година и 1995 година и надминувањето на овој спор. Во 1995 година овој спор можел да се надмине со технички решенија. Но, некому во 1995 година му требало градење на кариера врз ова прашање. Се граделе кариери и врз основа на меѓуетничките односи. И тоа е она што не следи 27 години.

Во меѓувреме, партиите станаа многу посилни. Јас се сеќавам дека во 1990 година изборите беа релативно коректни. Затоа што партијата во заминување немаше интерес и немаше развиено механизам да интервенира во изборниот процес. Додека кај новодојдените партии нема се уште развиено механизам да навлезат во изборниот процес. Така што имавме релативно ентузијастички и коректни избори. Но сето тоа повторно се смени, изигрувајќи политиканство. Дефокусирајќи ја јавноста со прашања коишто се надминливи но не се решаваат, се градеа политички кариери и ние стигнавме во 2014 година во фаза каде што станавме апатично општество. Од време на време имаше реакции на граѓаните, но стравот беше евидентен. Стравот од државата на која ние сите бевме повикани да и служиме беше евидентен и ретко можеше да се види поколективно организирање за реакција кон неодговорниот и некоректен однос на државата и за среќа започна со младите. И секогаш почнува со младите. Тука беше таа пукнатина која подоцна заврши во мирна лавина. Затоа што мислам дека сме и научен пример за тоа како се рушат режими без крвопролевање. Мислам дека тоа ќе биде дел и од академскиот развој.

Сето ова беше можно да се случува поради непроменетиот менталитет. Ние дури и после првото искажување дека сме за евроатлантски интеграции влеговме во фаза на импровизација. Ние влеговме во површно реализирање на барањата на нашите евроатлантски партнери. Така што влеговме во фаза каде што импровизиравме решенија а нашите европски партнери и по политичка потреба истите ги штиклираа. Тоа така и се случи. Ние не прераснавме во држава со заробени институции за еден месец. Тој процес траеше и од првиот извештај на Европската комисија. Тој процес траеше од 90та година. Но поради теоријата на мирот пред демократијата ние како граѓани на крајот завршивме како жртви на таа теорија. Во Македонија и на Балканот, нашите евроатлантски партнери во одреден период беа спремни да замижат на се само за да опстои мирот. Но фазата на мирот, и потребата од мир, тука одамна завршила. Но, нашите политичари со мали интервенции во меѓуетничките односи и во другите односи ја држеа таа тензија и се трудеа пред нашите евроатлантски партнери да докажат дека тие се тие кои го одржуваат мирот, а за демократијата има време. На крајот испадна дека за демократијата нема време и нема алтернатива. Затоа што ние немаме одговорни политичари со отворени визии. Така што целиот тој процес го ставија во своја корист.

Деновиве дадов неколку изјави за овој т.н. „условен датум“ за започнување на преговорите, јас го поздравив како обичен граѓанин. Затоа што за мене како обичен граѓанин секој дополнителен поттик и притисок до владата за реализирање на тие реформи кои ние како општество ги дефиниравме како потребни е добро. Не навлегувам во техникалиите. Јас знам дека и да добиевме датум на 1 октомври, реално процедурата за започнување на преговорите има и некои предпристапни  фази и скрининзи. Тој процес, ако не во јули ќе стигнеше во април и тоа не е спорно. За мене е придобивка тоа што ние тие услови ги имаме во препораката на Европскиот совет и мислам дека тоа ќе биде поттик не само за Владата, туку и за опозицијата, да овие прашања не може да ги избегнат од секојдневната агенда.

Секако, целиот тој процес на некој начин е условен и со позитивниот референдум. Јас сум еден од оние кој ќе го поддржи референдумот, затоа што мислам дека на Македонија во моментов не и требаат празни фрази, не и треба политикантство, не и треба виртуелен патриотизам. Јас сум за патриотизам, но тој да биде конкретен и со одредени насоки и со одредени ставови, а не виртуелно. Лесно е да се каже дека ништо не чини, но тешко е да се каже што не чини во сето тоа, затоа што ако установите што не чини вие треба да дадете и решение. Не само да бидете негаторски настроен и да велите дека ништо не чини.

На оваа држава и требаат визионери, луѓе кои ќе понудат излезни решенија, луѓе кои ќе преземат храбри чекори, луѓе кои во одредени фази, верувам дека ќе се жртвуваат и себе си и дел од себе си, затоа што најголемите политичари во историјата на човештвото го правеле токму тоа.

Да се вратиме на 2001. Ако тогаш немаше визионери, ако постоеја само празни патриоти оваа држава ќе завршеше во друг правец. Но и граѓаните на оваа држава се неодвоиви. Мислам дека патот на Македонија кон Европската Унија не е само во реформите туку и во менувањето на менталниот склоп.

Овие реформи, овие обврски коишто ви ги дал Европскиот совет се обврски кои треба мене да ми го подобрат животот, а не само да добиете причина да го означите тоа како завршена работа. Верувам дека ова општество е станато многу поагилно, со поотворени очи. Мислам дека ние сега целиот тој процес до отпочнувањето на преговорите ќе го следиме и поддржуваме, но верувам и дека ќе бидеме објективниот коректив на секое успорување или заминување од реформските активности.

Мислам дека тој тест, цивилниот сектор во Македонија во изминатиот период го даде. Мислам дека и довербата на граѓаните кај објективноста и неутралноста кај цивилниот сектор порасна и цивилниот сектор стана чинител во евроатлантските интеграции и сметам дека таа своја улога ќе ја искористи во бенефит не само за граѓаните туку и за институциите. Верувам дека тоа ќе го потпомогне и ќе го забрза целиот процес.

Нашиот пат кон Европската Унија оди и преку некои делови на Охридскиот договор, тоа постојано го повторува и ЕУ. Но, патот на Македонија до ЕУ и НАТО оди и преку Пржинскиот договор, и преку идните реформски приоритети, но и преку менување на менталитетот на нашите граѓани кои ќе ја зголемат спремноста да бараат одговорност од институциите“, истакна Муслиу.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Алберт МуслиуЕУконференцијаМакедонијаНАТОперспективиЦивил
Share56Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Експлозија во Ставропол го уби рускиот функционер кој ги предводеше нападите врз украинскиот Мариупол

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ