• Latest

Фудбалската топка е посилна од атомската бомба!

July 10, 2018
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Фудбалската топка е посилна од атомската бомба!

July 10, 2018 09:34
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

При „фудбалската дебата“ со колегите за случувањата на Светското фудбалско првенство во Русија и инцидентите помеѓу навивачите, позитивно ме изненади коментарот на другарот Џабир, цитирајќи го спорскиот коментатор Миќа Орловиќ, кој некогаш изјавил: „Фудбалската топка е посилна од атомската бомба“.

Пишува: Дехран Муратов

Навистина е така си велам, пред некој ден во едно кафуле, фудбалскиот натпревар меѓу Хрватска и Русија го следевме група составена од Хрватка, Македонец, Албанец, Ром…, и сите навивавме за „нашите“ Хрвати да одат во полуфинале. Балкан во мало. Сите си се сакаме додека политиката не нè раздели, ако и дозволиме!

Вестта за смртта на претепаното младо момче (комита) Никола Саздовски, отвори многу прашања на кои треба општеството, институциите и особено граѓан(к)ите да си ги постават, каде згрешиле и затаиле? Зошто дозволивме да дојде до згаснување на млад живот?!

Пред неколку дена во кафуле го гледавме натпреварот Бразил и Белгија. Во текот на натпреварот Белгија постигна гол, и еден „фан“ на Бразил од соседната маса почнал да пцуе и вели: „Тренерот на Бразил зошто не го пушта да игра Диего Коста, тој е добар фудбалер и голгетер“! Другарите што беа со него го просветлија дека Диего Коста не настапува за Бразил, дека тој игра за Шпанија. Нејсе, сепак на крај ги испцуле нивните фудбалски идоли „Циганите-Бразилци“ што не успеале да победат!

Во прв момент не ми беше удобно и пријатно, и се нервирав што седам во близина на луѓе што ги навредуваат своите фудбалски ѕвезди, но потоа почнав да ги жалам! Ги жалам сите националисти што не знаат вистински да сакаат и почитуваат! Сигурно да победеа Бразилците во нивните очи тие ќе беа светци, меѓутоа, откако загубија за нив се само обични „Цигани“!

Омразата и национализмот се посилни од љубовта кон клубот! Тоа го опишува најдобро еден документарец каде што новинарката прашува еден навивач на Динамо Загреб: Што сакаш повеќе, Динамо или ја мразиш Звезда? Навивачот без размислување и вели „Повеќе ја мразам Звезда“!

Деновиве ќе заврши Светското фудбалско првенство во Русија и за секоја пофалба е тоа што досега не видовме посериозни инциденти, со исклучок на 2-3 помали тепачки помеѓу навивачите. Тоа покажува дека во ФИФА се работело на тоа, да нема инциденти, и дека единствена цел на навивачите ќе биде бодрење на својот тим, без инциденти и националистички скандирања.

Време е и во нашата држава, конечно, навивачките групи да престанат да шират страв и несигурност кај граѓан(к)ите, напротив, тие да се место каде што младите ќе имаат простор да шират љубов, почит и разбирање. Пример за соживот се навивачите на Ливерпул каде што смислиле навивачка песна за нивниот омилен фудбалер (муслиман) Мохамед Салах.

Сѐ додека има простор на националистите од било која етничка и навивачка група да повикуваат на смрт и гасни комори, ќе бидеме на ова дереџе во кое сме. Мора да профункционира системот и институциите да бидат на висина на задачата и да спречуваат било какви инциденти и тепачки, на автобуска, во автобус, на улица, во парк, било каде, а сторителите да добијат максимална казна. Политиката на неказнивост мора веднаш да запре!

Tags: инцидентинавивачинационалистиСветско фудбалско првенствосмрттепачкифудбал
Share22TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ