• Latest

Кога патриотизмот подразбира љубов, а не омраза…

July 19, 2018

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Кога патриотизмот подразбира љубов, а не омраза…

July 19, 2018 08:00
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Можеби звучи чудно и далеку непотребно, но дефинитивно општеството во кое живееме, контекстот во кој се развиваме како индивидуи, но и како дел од колективот наречен држава, нација, заедница, во поднебје што опфаќа широк спектар на различности и во земја чија историја се развивала повеќе преку оружјето отколку преку перото, во таа вечна борба за мир и слобода, ни наложува повторно да се вратиме на основните дефиниции на тоа кога сме дејствувале како патриоти, а кога, во нашиот случај, како националисти.

Пишува: Биљана Јордановска

Зошто? Затоа што еден трагично одземен млад живот се обои со сите бои на национализмот. Затоа што протестите против Договорот со Грција за името ги заменија со националистичка омраза кон сограѓаните. Затоа што спортот прерасна во можност да се навреди другиот тим, навивач, заедница по етнички, политички и друга основа – со говор на омраза и национализам…, затоа што солидарноста и хуманоста ни прераснаа во огорченост и омраза кон сите и секого за сѐ и за ништо. И ваквото негување на погрешни идеологии, идеали, ваквите одлуки нѐ туркаат во бездната како луѓе, граѓани и држава, која цели да биде дел од едно семејство каде, за среќа, нема место за вакви вредности.

Што е патриотизам? По дефиниција патриотизмот подразбира љубов, а не омраза, во најширока смисла кон својата татковина, државата, заедницата… По правило, тоа подразбира гордеење со достигнувањата и културата, карактерот и идентитетот на сите единки што ја сочинуваат заедницата.

И кога станува збор за Македонија, би требало да зборуваме за повеќе од еден вид на патриотизам. Едниот е оној кон државата со сите нејзини вредности, но другите форми на патриотизмот, клучни во нашата ситуација се во потесен етнички круг, оној на Македонците, Албанците, Ромите, Турците, Бошњаците, Власите, Евреите… па муслиманите, христијаните, атеистите и католиците… и сите тие со своите патриотски чувства кон своите заедници, по некое правило се очекува да имаат заедничко патриотско чувство, со почит и љубов кон Македонија, како држава, нација, татковина или мајковина…

Но, колективното несвесно е многу поопасно кога се потхранува со насилство и говор на омраза. И како по правило секогаш се одразува во сите сфери на општествениот живот.

Како патриотизмот преминува во национализам?

Ако национализмот по дефиниција е политичка идеологија во чие средиште е сместена нацијата како врховно добро, а нација е нели заедница на сите граѓанки и граѓани во една држава независно од нивното потекло, идентитет и култура и јазик, за каков национализам зборуваме во Македонија?

И тука патриотизмот влегува, некако се претопува, без да знае и преминува во национализам кој во времето во кое живееме заслужува модификација во сопственото дефинирање. Онаа на негативниот национализам. И така во Македонија го имаме класичниот национализам како омраза кон другите нации, но и етничката омраза кон соседот Албанец, Македонец, Ром… религиски кон муслиманите, односно христијаните, да не зборуваме за атеистите…, омразата врз родова основа… и доста „популарниот“ национализам на трибините, особено на светските спортски првенства.

Како што се покажа и оваа светско првенство во Русија.

И тука сета патриотска љубов се претвора во националистичка битка за понижување и потчинување со цел да се покаже супериорноста во однос на другиот. И сега, во земја чија слобода народот/народностите скапо и со крв ја платиле водени од патриотските родољубиви чувства, во современо модерно време кое промовира демократија, еднакви права за сите, почитување и заштита на човековите права и слободи, а татковината ви мала, потисната од соседите и големи светски сили, а во своја одбрана сте имале долгогодишни диктатори што низ крајно софистицирана и популистичка машинерија низ маската на патриотизмот ве довеле со крајно радикален национализам, преминуваат во националисти par excellence, колку време ќе биде потребно да се вратат во нормала?

Толку колку што било потребно да се развие или многу повеќе? Како да се надмине деструктивната моќ на национализмот? Кој сѐ треба да помогне и дали самите на себе сме си доволни да се извлечеме од калта во која сме заглавени?

А сакаме ЕУ и сакаме НАТО. Сакаме да бидеме дел од напредокот…

Или од почеток да учиме што сме ние, па дали сме граѓани, што е држава, што е нација, што се човекови права и слободи, што љубов, солидарност и хуманост, што добро, а што лошо, патриотизам и национализам, што е етнос, идентитет… И ако во милениумското постоење не сме научиле, дали постои надеж дека некогаш ќе се надминеме себеси во сопственото знаење?

Или можеби е потребна нова политичка форма на добро владеење да нѐ врати на вистинскиот пат?

 

 


Фотографија во прилог на текстот: Јана Поповска/kolektif.mk

Текстот е дел од проектот „Патриотизам ДА, национализам НЕ!“ што го спроведува ЦИВИЛ со поддршка од Цивика мобилитас. Содржината на овој текст е единствена одговорност на ЦИВИЛ и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

 

Tags: насилствонационализампатриотизамЦивика МобилитасЦивил
Share61TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ