• Latest

Последни подготовки за кампањата за референдум

August 30, 2018

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Последни подготовки за кампањата за референдум

August 30, 2018 14:59
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По синоќешната средба на партиите поддржувачи на Договорот со Грција и успешност на претстојниот референдум, приемирот Зоран Заев очекува поддршката да расте и да се проширува коалицијата „Заедно за европска Македонија“.

Премиерот Заев изјави дека смислата на оваа коалиција е да се создаде движење за сите кои се за успешен референдум, да се поканат граѓаните да гласаат за европска Македонија и да дадат поддршка на интегративните процеси на Македонија во НАТО и ЕУ.

Во Клубот на пратениците во Скопје попладнево во 14 часот премиерот Зоран Заев во име на коалицијата која е за членство на Македонија во НАТО и ЕУ го најави почетокот на кампањата за референдумот.

Коалицијата ја сочинуваат триесеттина партии кои се обединија во повикот до граѓаните за позитивен исход на референдумот и за евро-атлантска иднина на Македонија.

Премиерот Зоран Заев го осуди вчерашниот инцидент на Водно меѓу градежни работници и активисти од граѓанските движења од областа на екологијата, кои протестираа за заштита на шумата.

Тој изрази жалење за ваквиот начин на однесување на багеристите и кои било други претставници на изведувачите, работници и наши граѓаните коишто работат.

Вработените во основното и средното образование во октомври, со исплата на септемвриската плата ќе го добијат зголемувањето за пет проценти. Одлуката ја донесе вчера Владата, а денеска во насока на реализација на ова зголемување на платите Министерството за образование и наука и Самостојниот синдикат на образование, наука и култура на Република Македонија потпиша Меморандум за соработка.

Граѓанската организација „Го сакам Водно“ бара дебата со директорот на МЕР, градоначалникот на Скопје и заменик министерот за животна средина и просторно планирање на која, како што велат, јавно ќе ги изнесат нивните агрументи за изградбата на гасоводот низ Парк шумата Водно.

Регистар на лица со ретки болести од денеска е активиран во рамки на електронскиот здравствен систем на Министерството за здравство. Овој електронски модул со податоци ги содржи сите основни информации за пациентите заболени од ретки болести, нивната дијагноза, потребната терапија, соодветната клиниката на која се лекуваат, како и лекарот кој ги лекува.

А. Петровска

 

Tags: Влада на Република МакедонијаВодноГо сакам ВодноДоговор со ГрцијаЕУЗоран ЗаевкампањаНАТОповисоки платиреферендум
Share7TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ