• Latest

Рокот за аплицирање за набљудувачи на ЦИВИЛ истекува на 7 септември

September 7, 2018

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Рокот за аплицирање за набљудувачи на ЦИВИЛ истекува на 7 септември

September 7, 2018 01:06
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во тек е повикот на ЦИВИЛ за аплицирање за краткорочни и долгорочни набљудувачи на процесот на спроведување на Референдум на 30 септември 2018. Организацијата ги повикува сите заинтересирани полнолетни граѓанки и граѓани на Република Македонија, да аплицираат најдоцна до петок, 7 септември, до 20 часот. Во оваа фаза ќе се бидат селектирани 72 набљудувачи. 

Кандидат(к)ите ќе добијат одговор до недела, 9 септември, 20 часот, по што веднаш ќе добијат насоки и материјали за работа. За ангажманот на набљудувачите, ЦИВИЛ оваа година успеа да обезбеди хонорари што се движат од 1.400 до околу 4.000 денари за краткорочните набљудувачи, додека долгорочните набљудувачи ќе бидат добијат хонорари од 12.000 до 20.000 денари, зависно од позициите и интензитетот на работните обврски. Помал дел од селектираните кандидат(к)и ќе бидат ангажирани и во тимовите за јакнење на јавната свест и граѓанска едукација што ќе ги водат членовите на Координативниот тим на ЦИВИЛ.

Воедно, граѓанските новинарки и новинари имаат шанса да бидат наградени со еден од десетте вредносни ваучери со вредност од 1.550 до 5.700 денари.

Аплицирањето може да се направи по електронски пат, на онлајн формуларот ТУКА или по мејл: civil@civil.org.mk со испраќање кратка биографија (до една страница) во која ќе се наведат контакти и број на лична карта (не матичен, туку број на лична карта). Задолжителна е назнаката: ЦИВИЛ – мониторинг. Кандидат(к)ите можат да аплицираат на било кој јазик што се говори во Република Македонија.

ОНЛАЈН ПРИЈАВА

За сите кандидат(к)и е важно да знаат дека мониторингот подразбира мобилност и посветеност, а на семинарите за обуки ќе имаат обврска да ја потпишат Повелбата на набљудувачите на ЦИВИЛ, според која тие мора да се придржуваат кон принципите на непристрасност и објективност. Според Повелбата, набљудувачите се ангажираат исклучиво во ЦИВИЛ и не смеат да бидат партиски функционери, ниту членови на тела задолжени за спроведување на референдумот.

Долгорочните набљудувачи ќе добијат насоки за работа да започнат со својата работа веќе на 10 септември, додека краткорочните набљудувачи ќе бидат задолжени да бидат активни во текот на 48-часовниот молк, на денот на референдумот и денот потоа. Во меѓувреме, набљудувачите што се веќе на теренот, ќе ги интензивираат своите активности. Секој набљудувач ќе има обврска да опфати најмалку пет избирачки места во текот на референдумскиот ден.

Предност во овој повик имаат кандидат(к)ите што пополниле Изјава за поддршка на ЦИВИЛ, односно се согласни со Кодексот на ЦИВИЛ и други програмски определби на организацијата.

Кандидатите што нема да бидат селектирани за долгорочно набљудување, ќе имаат можност да бидат во мрежата на краткорочни набљудувачи.

 


ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО ВО МОНИТОРИНГОТ НА ЦИВИЛ

Повеќе информации се достапни на телефонските броеви: 02 / 520 91 76, 075 / 389 698, 075 / 389 699, од 9 до 19 часот.

 

Tags: кодексмониторингреферендумЦивил
Share40TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ