• Latest
Добро утро со Орданоски

„Ќе си лежите!“, во еднина

October 18, 2018

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

„Ќе си лежите!“, во еднина

October 18, 2018 07:30
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]А[/dropcap]ко не ме лажат расположливите информации, заштитетниот сведок на судењето за 27 април во детали ја потврдил теоријата која на целата јавност ѝ е одамна позната: зад инспирацијата, планирањето и наредбите за егзекуција на обидот за државен удар стојат две имиња – еден врвен политичар и еден негов висок советник, познат во таа структура како „малиот нацист“ – од самиот врв на владата на ВМРО-ДПМНЕ од времето на Груевски.

Ништо ново. Освен што имињата се, сега веќе, и официјално воведени во судските списи. Но, тој факт фрла нова околност во правното процесуирање на овој кривично-правен настан: од една страна, надлежниот јавен обвинител може веднаш да побара приведување на овие две лица за нивен распит и понатамошен соодветен кривичен третман во судскиот процес; и, можеби уште поважно, падната е „психолошката бариера“ кај другите десетици обвинети за тешките дела со кои се товарат, за и самите да решат дали, од тука натаму, нема да бидат активни соработници на правдата, за да добијат подобар третман за себе при казнениот расплет на, веројатно, најголемиот и најважен судски процес во поновата македонска историја.

Сега, всушност, ќе се види кој од нив каков адвокат ангажирал, бидејќи нивните адвокатски совети можат директно да влијаат врз правната судбина на нивните клиенти… Сега прашањето се сведува на поединечни, лични човечки судбини, што е еден од суштинските елементи во делењето на правдата.

Паролата „Ќе си лежите!“, иако е во плурал, секогаш има поединечно име и презиме.

Ваквиот развој на настаните – доколку се докаже до крајот на судењето – темелно ја поткопува навредливо глупавата теза која е основа на официјалниот став на ВМРО-ДПМНЕ до денес, дека на 27 април минатата година немало обид за државен преврат, туку дека целиот настан е политички неред на „испровоцирана“ толпа која, дезорганизирана и хистеризирана, на местото на настанот спонтано решила политичката правда да ја земе во свои раце со тоа што, во афект, ќе се обиде да ги убие главните претставници на новата власт (Заев, Џафери, Села, Шекеринска и др.), во обид да го спречи натамошниот легален развој на настаните.

Политичките лакеи на Груевски во сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ ја пропуштија историската шанса сопствената партија да ја дистанцираат од терористичките дела за кои се обвинети учесниците во настаните на 27 април. Доколку тие дела се докажат, тоа не може да биде без сериозни последици по самата партија. Бидејќи, ако една партиска организација поддржува, охрабрува и оправдува тероризам, организиран и командуван од самиот врв на партијата, тогаш таа структура станува легитимна цел за легален третман од страна на правната држава. (То ест, кога државата би сакала да биде правна.)

Ова, се разбира, не е ниту наивно, ниту едноставно правно и политичко прашање. Зоран Заев, како што гледаме, нема „стомак“, а веројатно ни политички капацитет, за разрешување на ова прашање; кое, да не заборавиме, самиот го „отвори“ со своето храбро спротивставување и, конечно, соборување на недемократскиот режим на ВМРО-ДПМНЕ. Не верувам дека од голема помош му се и неговите најблиски соработници, чијшто опортунизам и политичка комоција не е нешто по што се непознати.

Но, да бидеме фер, прашање е дали и целото македонско општество – и она што е останато од него, денес и овде – е доволно политички зрело за да може да се справи со ваков крупен историско-политичко-правен „залак“? Мислам дека секоја објективна анализа би покажала дека не е. Ние сме горди итарпејовци, преферираме снаодливост и трикчиња.

Затоа, најмногу ме вадат од такт оние наши бројни морализатори-прдатори, многумина од нив и со високи академски титули и општествени синекури, кои во односот на меѓународната заедница кон нас препознаваат третман како кон протекторат, а не како кон суверена држава.

Па, ние, и додека ова го читате, сме на добар пат САМИТЕ да си ја упропастиме сопствената просперитетна иднина, оптегнати на задоцнетото летно сонце по преполните локални кафулиња и кафеани. Само лабаво!

Што не ви е јасно?

 


Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Tags: 27 априлВМРО-ДПМНЕЗоран ЗаевНикола Груевскисведоштвасудење
Share736TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ