• Latest

„Слушни ме и мене“ – насилството врз жените не е само женско прашање

November 26, 2018
Кијив, 15 ноември 2026 (ДСНС)

НЕДЕЛЕН ВОЕН ИЗВЕШТАЈ | РУСКИ ТЕРОР ВО УКРАИНА: Над 2.300 дронови, загинати цивили и нови напади врз електромрежата

November 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Каде исчезнаа панкерите? За културата меѓу подрумите и блескавите химери

November 15, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Кога и Како?

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР (1): Есента, градовите и нашиот живот

November 14, 2026

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Слушни ме и мене“ – насилството врз жените не е само женско прашање

November 26, 2018 12:47
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Слушни ме и мене“ е годинешното мото на Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените, а кампањата која ќе се одржува во светски рамки започна вчера и ќе трае до 10 декември.

Насилството врз жените, според Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и домашното насилство подразбира кршење на човековите права и форма на дискриминација врз жените и ги означува сите акти на родово засновано насилство, коишто веројатно ќе доведат до физичка, сексуална, психичка или економска повреда или страдање на жените. Голем дел од жените и девојчињата ширум светот се сè уште жртви на насилство и многу често тие како жртви го прекинуваат тој круг на насилство многу доцна или воопшто не го прекинуваат од срам или поголем страв.

Владата на Република Македонија беше осветлена во портокалова боја, која ја симболизира светлата иднина без насилство врз жените, а во текот на кампањата низ земјава ќе има дебати и работилници по повод Меѓународниот ден за елиминација на насилство врз жените и кампањата „16 дена активизам“.

„Владата на Република Македонија цврсто стои зад заложбата за нулта толеранција спрема секоја форма на насилство врз жените и девојките. Неодамна ја ратификувавме Истанбулската Конвенција на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство, а минатиот месец го усвоивме Акцискиот план 2018-2020 за спроведување на конвенцијата. Насилството врз жените не е само женско прашање, туку прашање кое се однесува на секој еден од нас. Токму затоа мора да работиме заеднички да ставиме крај на тоа“, напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил.

Жените ширум светот сè уште се соочуваат со секаков вид на сексуална дискриминација, од забрана на правото за абортус, до тој степен што во некои земји при раѓање, женските бебиња може да бидат убиени од родителите затоа што очајно посакувале да имаат син.

Секоја година, во некои земји, милиони девојчиња се подложени на „осакатување“ на женските гениталии. Жените се со поголема веројатност да бидат силувани или сексуално нападнати од страна на членови на семејството, од оние кои се на позиции на моќ или пак од странци. Во некои земји, кога некоја жена е немоќна или адолесцент, таа може да биде присилена да се омажи за нејзиниот напаѓач. Жени кои забремениле пред бракот може да бидат тепани или убиени од членови на семејството, дури и ако бременоста е резултат на силување.

Над 80 проценти од жените што се убиени во Македонија се убиени од нивните партнери, без оглед дали се во брачна или вонбрачна заедница, или пак од некој друг член на семејството, браќа или татко.

Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство годинава подготвија анализа на фемициди во Македонија, а според податоците тоа се убиства врз жени базирани врз родова нееднаквост, покажала дека жените најчесто се убиени во нивниот дом од постојниот или сегашниот партнер или во новото живеалиште доколку станува збор за развод.

Според Обединетите нации, една од три жени во светот е жртва на насилство.

А. Петровска 

Tags: @активизамВлада на Република Македонијакампањанасилствородово насилствочовекови права
Share6TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ