• Latest

Смаиловиќ: Да градиме општество во кое сите ќе бидеме граѓани на Европа!

November 28, 2018
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Смаиловиќ: Да градиме општество во кое сите ќе бидеме граѓани на Европа!

November 28, 2018 10:57
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Ако јас сакам да бирам некој идентитет, иако мојот идентитет е веќе оформен, јас сепак, бирам да имам и идентитет којшто е бесмртен. Идентитет што никој не го доведува во прашање, идентитетот на човештвото, на хуманоста, да бидеш позитивен момент во едно општество, да придонесуваш во него…“, изјави активистката Мерсиха Смаиловиќ на панел дискусијата „Губење на идентитетот или…?“ во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода.

„Дебатата во Македонија во однос на Преспанскиот договор навистина создаде простор – луѓето да си земат за право да кажуваат кој има, а кој нема право да преговара, или кој има право да разговара за идентитетот во рамките на овој договор… Голем дел од мојата етничка заедница, бошњачката, бевме етикетирани како ние да немаме право да преговараме за македонскиот идентитет. Повторно се враќаме на прашањето: кој има право да преговара или дали идентитетот е нешто за што може да се преговара, или дали е тоа некое чувство што ние го имаме внатре во себе? Ете, јас сум родена во Македонија, но мојот идентитет како припадник на бошњачката заедница не се менува, бидејќи со тој идентитет сум растела, дома го зборуваме босанскиот јазик и тоа чувство не го менувам иако многу ретко одиме таму од каде што потекнуваме, во Србија…“, рече Смаиловиќ.

„Таа потреба да припаѓате некаде, тој идентитет да биде клучното што ќе ве дефинира и сите да ве гледаат низ тој идентитет, навистина, само го отежнува функционирањето во едно нормално општество какво сите ние сонуваме да бидеме. Ако јас сакам да бирам некој идентитет, иако мојот идентитет е веќе оформен, јас сепак, бирам да имам и идентитет којшто е бесмртен. Идентитет што никој не го доведува во прашање, идентитетот на човештвото, на хуманоста, да бидеш позитивен момент во едно општество, да придонесуваш во него“, смета Смаиловиќ.

„Она што беше интересно во однос на дебата за референдумот е што во опозиционата партија имаме и такви кои не и припаѓаат на македонската етничка група. Еден од таквите претставници е припадник на мојата, бошњачка етничка група и беше глорифициран како херој, кој гласаше за уставните измени. Коментарите беа: „Па, како може, предавник!“ Секогаш другите етнички заедници се предавници… И повторно чувството дека, ако си припадник на некоја група и сакаш да бидеш дел од таа група, мора да го имаш тој мејнстрим на размислување и однесување… Не се прифаќа нешто што е поразлично, како размислување, етникум или како заедница…“, рече Смаиловиќ.

„Можеби, кога на јавни дебати и конференции критикуваме, сакајќи системот да биде подобар или државата да биде подобра, сакаме да зборуваме за Македонија пред меѓународната заедница – во далеку подобро светло. И кога зборуваме за идентитетот, се надевам дека сите етнички заедници ќе се воздигнат на тоа што е примарен наш идентитет. И и дека сите ќе градиме едно општество коешто навистина ќе биде многу подобро за живеење и дека ќе добиеме епитет дека ние сме – граѓани на  Европа…“, резимираше Смаиловиќ.

Изјавата на активистката Смаиловиќ е дел од проектот „Губење на идентитетот или…?“ кој ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува во соработка со Фондацијата „Хајнрих Бел“ од Германија. Ставовите на десетина експерт(к)и и креатор(к)и на јавното мислење за идентитетските и општествено-политичките прашања поврзани со процесот за надминување на македонско-грчкиот спор околу името деновиве ќе бидат објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ.

Досега се објавени ставовите на Љубчо Георгиевски, новинарите Ѕвездан Георгиевски, и Синиша Станковиќ, на професорите д-р Мирјана Најчевска, д-р Катерина Колозова, д-р Мирјана Малеска и д-р Сашо Орданоски. Ставовите и анализите за тоа што се добива, а што се губи со Преспанскиот договор ќе бидат објавени и во печатена публикација во декември.

 

Биљана Јордановска
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети


Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста

Tags: БошњацидефинирањеЕвропаидентитетМакедонијаСмајловиќ
Share65TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ