• Latest

29 ноември – нови рочишта, новости од Европскиот парламент, ЦИВИЛни активности…

November 29, 2018
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

29 ноември – нови рочишта, новости од Европскиот парламент, ЦИВИЛни активности…

November 29, 2018 16:58
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Мнозинството европратеници со исклучок на неколку гласови од Грција и Бугарија, синоќа на дебатата пред гласањето за извештајот за Македонија побараа старт на преговори за членство во ЕУ во јуни, но потсетија дека земјата мора да продолжи со исто темпо на реформи. 

Известувачот Иво Вајгл, но и други европратеници потсетија дека не само Македонија, туку и Европската Унија треба да ги исполни своите ветувања во евроинтегративниот процес. Тој како и многумина други го поздрави Преспанскиот договор и повика тој да биде комплетиран во македонското Собрание и порача дека верува дека преговорите со ЕУ ќе започнат во јуни 2019.

„За ова потребна е инклузивна демократска атмосфера, сите треба да соработуваат, треба да се модернизира судскиот систем, да се почитува владеењето на правото, да се создаде простор за слободни медиуми, да се заштитат новинарите и да се води ефикасна борба против корупцијата и организираниот кримина“, порача Вајгл.

Еврокомесарот Јоханес Хан, пак, истакна дека земјата се врати на евроатлантскиот пат и ги поздрави изгласаните уставни измени нарекувајќи ги храбар чекор кој очекува да продолжи без одлагање.

„Важно е реформскиот момент да се продлабочи во интерес на граѓаните“, изјави Хан потсетувајќи на трите услови запишани во заклучоците на Советот на ЕУ од јуни – независно судство и борба против корупција, контрола на разузнавачките и безбедносните служни и реформата на јавната администрација, реформи без кои преговори не можат да бидат доделени.

Европскиот парламент ги изгласа амандманите за екстрадиција на Груевски

Европратениците ги усвоија двата амандмани кои бараат од Унгарија да го екстрадира експремиерот Никола Груевски во Македонија.

Групите на Социјалдемократите и на Зелените пред неколку дена поднесоа одделни амандмани на оваа тема, но се стравуваше дека оној на Зелените нема да помине поради поостриот речник.

Амандманот поднесен од европратеничката на Зелените, Јудит Саргентини освен што бара екстрадиција, гласи и дека Груевски побегнал од Македонија со дипломатска помош од Унгарија за да избегне затворска казна и го смета овој потег како мешање во внатрешните работи на Македонија како и чин на презик кон судството и владеењето на правото во земјата.

„Тоа што Унгарија го прави е мешање во судските работи на една земја која макотрпно се обидува да се подобри и да стане членка на ЕУ. И тоа не е конструктивно“, изјави вчера Саргентини.

Социјалдемократите поднесоа два амандмани за азилот на Груевски, и двата беа усвоени денеска. Со овие амандмани, Европскиот парламент става на знаење дека Никола Груевски добил “транспарентен судски процес“ потврден од повеќе судски инстанци и потсетува дека тој е инволвиран во дополнителни пет кривични истраги.

Мијалков од затвор е донесен на судење за „Трезор“

Во Кривичниот суд Скопје денеска продолжува судењето за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Трезор“ за набавка на опрема за шпионирање, во кој првообвинет е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. Тој е донесен во судница од затворот Шутка, каде се наоѓа во притвор за предметот „Империја“.

Покрај Мијалков во случајот „Трезор“ се обвинети и поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ и поранешниот началник на петтата управа во МВР, Горан Грујевски, кој е во бегство во Солун.

Одбраната на Мијалков бара укинување на притворот, и тие тврдат дека притворот е незаконот. Според адвокатите мерката е донесена без да се сослуша обвинетиот што било спротивно од начинот на водење на постапката.

Шеќеринска нема да сведочи за „27 април“ 

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска нема да биде сведок на судењето за „27 април“. Таа беше предложена од одбраната на обвинетиот Мунир Пепиќ, вработен во МВР.

На денешното рочиште, адвокатот Еленко Миланов, рече дека откако е извршен увид во исказот на Шекеринска даден пред Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, утврдиле дека овој исказ е доволен и со повикување на предложениот сведок на рочиште, не би имало дополнителни нешта кои би оделе во корист на обвинетиот Пепиќ.

Апелација ја укина затворската казна за дедото на Тамара 

 По жалба на одбраната на Љупчо Стојановски, дедото на малата Тамара Димовска од Велес, Апелација одлучи да му ja укине затворската казна од 7 ипол години која му беше определна за обидот за убиство на поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.

Апелација одлучи судењето да почне одново.

Стојановски пукаше во Тодоров непосредно пред тој да ја предаде должност на новиот министер Арбен Таравари на 1 јуни минатата година.

ЦИВИЛ активности  

ЦИВИЛ – Центар за слобода продолжува со подготовките за ЦИВИЛ Фест.

По повод Меѓународниот ден на човековите права и 70-годишнината од Универзалната декларација за човекови права, ЦИВИЛ го организира ЦИВИЛ ФЕСТ, кој ќе се одржи на 10 и 11 декември, во МКЦ.

Фестивалскиот слоган е „Слобода, правда, еднаквост“ и е посветен е на граѓанското новинарство и активизмот.

ЦИВИЛ – Центар за слобода денеска е повторно на терен, овој пат во Куманово каде што организираше работна средба во Општината, посветена на борбата против радикализмот и насилниот екстремизам.

А. Петровска 

 

Tags: „Трезор“Европски парламентзатворНикола ГруевскипритворрочиштеСашо МијалковЦивилЦИВИЛ Фест
Share2TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ