• Latest

Константин Плевнеш од ЕСРА со невидена вулгарност и говор на омраза се „пресметува“ со неистомислениците

February 12, 2019
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Србија – Украина: Цената на Вучиќ

August 7, 2026
Илустрација ВИ

Безбедносно тестирање: Напредните AI модели покажаа автономно измамничко однесување, експертите бараат построга регулација

August 6, 2026

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Архива

По жестоките руски напади: НАТО работи на итна испорака на противвоздушна одбрана за Украина

August 6, 2026

Сите цистерни со сертификат, нема штета: Што покажуваат доказите за „Мазут“?

August 6, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Ватос – капина или како стигнавме до таму, змиите да ни бидат друштво

August 6, 2026
Тематска дебата на СДА Македонија, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ОРБИТАТА НА СРПСКИОТ СВЕТ: Европскиот пат блокиран, изолацијата станува државна политика – дебата на СДА Македонија

August 5, 2026

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ КИЈИВ: Најмалку 17 загинати и 44 повредени во нов масовен напад со ракети и дронови

August 5, 2026
СЛОБОДА | Кијив, 22 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Животот и демократијата се обновуваат под оган: Детален запис од мисијата на Media Dialogue во Украина

August 4, 2026
фото: ВИ

Италија предлага мигрантски центри во трети земји по моделот на Албанија

August 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Константин Плевнеш од ЕСРА со невидена вулгарност и говор на омраза се „пресметува“ со неистомислениците

February 12, 2019 10:18
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ОПШТЕСТВО, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Константин Плевнеш, кој предава на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, континуирано објавува коментари со говор на омраза на својот Фејсбук профил.

Меѓу останатите, пораки со говор на омраза беа упатени кон новиот декан на Универзитетот ФОН проф. д-р Љубомир Фрчковски и проф. д-р Катерина Колозова.

Во една од објавите пишува: „Љубомир Данаилов Фрчковски е п***р и педофил али импотентен“.

Јавните изливи на „патриотизам“ на Константин Плевнеш се преполни со вулгарности, омаловажување, навреди и говор на омраза, не само кон лицето кон кого е упатена пораката, туку и кон цели категории на луѓе.

Без оглед на личните несогласувања, неприфатливо е еден професор да користи таков речник воопшто, а да не зборуваме за јавен говор. Во случајов, неговите студенти и нивните семејства можат да посведочат на ниското ниво на јавна комуникација на нивниот професор.

„Љубомир Данаилов Фрчковски П***рче ниедно педофил импотентен и смрден албанизиран и содомизиран од Сатана лично“,  е другата порака упатена кон Фрчковски.

Секојдневно сме сведоци на фактот дека говорот на омраза станува тренд и нашето општество, без оглед на тоа дали е упатен кон лица или заедници од различна или верска етничка припадност или се работи за сексуална определба или политичка афилијација. Овој, инаку „голем бранител на името“ шири говор на омраза подолго време, но до сега не слушнавме било каква реакција од релевантните институции, не слушнавме за пријава од МВР, а ниту за било каква постапка во ОЈО.

Освен брзата реакција на институциите во случајот со Миленко Неделковски и неговиот говор на омраза против Грците кога се ситеше на несреќата на оние што настрадаа во минатогодишните пожари во Грција, не видовме дека нешто друго се прави. Голем број јавни личности се до денешен ден мета на говорот на омразата на Неделковски, но тој не одговара за тоа. Случајот со Плевнеш е само уште еден во низата каде што се гледа една инертност на институциите, наспроти декларираната заложба дека ќе се борат против говорот на омразата и поттикнувањето на омразата.

„Имајќи предвид дека се работи за професор на приватен факултет што претендира да воспоставува некаква културна и образовна врска со Франција, ваквото однесување дава дотолку полоша слика, не само за факултетот и тие што работат и студираат таму, туку и за целата земја. Исто така, информирани сме дека ЕСРА е претендент за добивање средства од буџетот на државата. Останува отворено прашањето, дали и тие средства што ги бараат од сите граѓанки и граѓани на државата ќе бидат употребени за ширење на говорот на омразата“ – коментираат во ЦИВИЛ – Центар за слобода, чиј тим спроведува мониторинг во повеќе области, вклучувајќи го говорот на омразата на социјалните мрежи.

А. П.

Share841TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ