Гушни го светот – Embrace The World и „Младите за љубов“ Светскиот ден на гушкањето ќе го одбележат во сабота, 20 јануари, пред ГТЦ со почеток во 12:30.
„Во сабота ќе го гушнеме Скопје, откако ја гушнавме цела Македонија. Сите прегратки од Македонија несебично ќе ги споделиме низ целиот свет, веќе од март, кога започнуваме со турнејата“, изјави Силвана Митрева за ЦИВИЛ Медиа, која ги покани сите во име на љубовта и радоста на гушкање. Таа заедно со својот сопруг Антонио ќе поминат 100.000 километри и 45 земји ширејќи ги прегратките и љубовта од Македонија. На гушнатите ќе им ја покажат Македонија на картата на светот и ќе им го покажат големото срце на земјата и нејзините жители.
Младинската организација „Млади за љубов“, веќе десет години ја спорведуваат кампањата „Гратис Гушкање“ тргнувајќи од мотото „повеќе љубов за луѓето”. Социјалната кампања има за цел да ја покрене свеста за љубов, филантропија и потребата да се сподели со другите.
Б. Јордановска