• Latest
Фотографијата е креирана со помош на ВИ

Ако е и од Силјановска Давкова – премногу е!

February 22, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Ако е и од Силјановска Давкова – премногу е!

February 22, 2026 14:46
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фотографијата е креирана со помош на ВИ

Фотографијата е креирана со помош на ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Последната изјава на Сиљановска Давкова кога – наместо претседателската, ја презема улогата на комичар, во обид да ги насмее присутните новинари – изобилува со недоследности, контроверзии, замена на тези, манипулации и лесно проверливи дезинформации.

Сегашната претседателка, во кампањата 2019 година за претседателските избори во објава на социјалните мрежи ги критикуваше плановите на тогашната влада предводена од СДСМ за набавка на нов авион, при што вели дека, ако таа биде избрана за претседател на државата, ќе се бори против ваков вид расфрлање на парите на граѓаните.

 „Во план е набавка на нов и поголем авион за потребите на Владата и претседателот на Републиката. Во време кога здравствениот систем доживува колапс, службите на итната медицинска помош едвај функционираат со стари и нефункционални возила (чекајќи ја приватизацијата на секторот), државните функционери мислат само на својата удобност и безбедност, а тоа го оправдуваат со наводно зголемени потреби за патувања заради интеграцијата во НАТО и ЕУ. Ваквите потези сведочат за бескрупулозноста и себичноста на владејачката каста, која не работи за својот народ и не мисли на неговите секојдневни потреби.

Македонија, една од најсиромашните земји во Европа, сака да има ВИП авион кој ќе чини 20 милиони евра (плус одржување, пилоти, редовни тренинзи, и сл.) – и со тоа се легитимира како олигархија, во која управувачите ја злоупотребуваат моќта и државниот буџет за сопствени потреби.

Апелирам планот да се отфрли веднаш, а доколку станам претседател на Републиката, ќе одбијам вакви привилегии додека мојот народ нема за живот. Ако сакаме да се интегрираме во ЕУ, пример за европско однесување треба да дадат оние на власт, и да покажат скромност и почит и емпатија за оние кои живеат во сиромаштија“, апелираше тогаш кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ и професорка на правниот факултет, Сиљановска-Давкова. која тогаш, во очигледен обид да се додвори на гласачите, небаре е доаѓа од некоја НВО, користејќи го вокабуларот од акцијата на ЦИВИЛ “Стоп за приволегиите“ од 2017 година, напича: СТОП ЗА ПРИВИЛЕГИИТЕ НАМОЌНИТЕ! И Правда и право за сите!

Сиљановска Давкова едно зборуваше кога беше во опозиција, но сега, откако е дел од власта, таа има дијаметрално спротивен став. Сега Гордана, од позиција на претседателка на државата, кандидирана од партијата ВМРО-ДПМНЕ која е на власт, стана апологет на барањата на владејачката партија за набавка на нов авион. Сега претседателката смета дека користењето на владин авион во дадени ситуации е поисплатливо од комерцијалните летови, и треба да се набави нов, зошто секогаш имала дилема кога летала со него бидејќи било стар, дури 25 години.

Дали претседателката, додека ја повторуваше парафразирано изјава на нејзиниот работодавач, премиерот Мицкоски, дека ќе се молел на Господ да не загине кога ќе лета со владиниот авион, за момент помисли дека припадниците на АРМ, чиј врховен командант  е таа, летаат со хеликоптери стари над 40 години, и со нив изведуваат воени вежби и борбени мисии за одбрана на земјата? Или тоа не ја тангира (како ни шугата во АРМ), оти таа не лета со тие хелихоптери.

Заборави ли Сиљановска Давкова што кажала претходно? И дали таа заборавеност се должи на нејзините годините, во кои е сосема нормално да дојде до сенилност одн. деменција. Ако е така, тогаш е време, а и би било доблесно од нејзина страна, да ја напушти претседателската функција.

И наместо од нејзиниот кабинет, кој заедно со неа е меѓу најчестите корисници на на тој „прастар“ владин авион да ја потсетат дека погрешила, покажувајќи и го постот и видеото од таа изјава, напротив, постот е избришан. Но трагата остана. Некој се сетил па направил скриншот од истиот, кој останува да сведочи за превртливоста на претседателката.

Скриншот од избришаниот пост на претседателката Сиљановска Давкова

Истовремено, и други делови од неумесната изјава на претседателката предизвикаа контроверзии во јавноста.

Прво, јавноста реагираше на какви разговори со колегите го троши времето претседателката, наместо со нив да дискутира за животниот стандард, висината на платите, достапноста до лекови, состојбата на болниците (болните од канцер и пишуваат отворени писма преку социјалните мрежи), за набрзо потоа да излезе информација дека е дискутабилно и тврдењето дека  „авиончето на браќата Рајт“, како што го нарече претседателката, според неа старо 25 години ( според владиното соопштение, службениот авион е стар 20 години). не најстаро во регионот, откако  се појавија тврдења дека, всушност, повеќе земји во регионот имаат постари владини авиони од нас имаат и Хрватскиот. чиј владин авион е постар – 27 години, словенечкиот владин авион е  стар 23 години, произведен 2003 година; Црна Гора има владин авион „Лирџет 45“, постар модел од македонскиот, произведен во 1999 година. Албанскиот владин авион е произведен во февруари 2000 година, и е подарок од Турција. Босна и Херцеговина нема авион, но има ентитетот Република Српска, купен во 2019 година. Единствено српската влада има најмодерен авион во регионалната флота, купен во 2023 година,

И уште една неточна информација изнесе претседателката во изјавата, за која мислеше дека е смешна и ќе ги насмее и новинарите. Владиниот „Лирџет“ не е купен на старо, како што тврдеше, туку е нарачан од директно од фабрика во 2004 по трагичната авионска несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски. Произведен е во 2004 година во САД, купен e во време на владата на Владо Бучковски и во сообраќај е од јануари 2005 година.

Претседателке, не само што не е смешно, трагично е.

Ако е и од Силјановска Давкова – премногу е!


Текстот е личен став на Авторот

ПРОЧИТАЈТЕ И:

Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ