• Latest

Актор, Попис и Моќник-нови предмети на СЈО

March 21, 2018

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Актор, Попис и Моќник-нови предмети на СЈО

March 21, 2018 15:34
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Специјалното јавно обвинителство објави три нови истраги против 25 физички и 4 правни лица за кривични дела – злоупотреба на службена должност, измама и перење пари.

Во првата истрага „Попис“, која се води против поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, осомничени се за искористување на своите овластувања и воедно се договориле да го стопираат пописот на населението во октомври 2011 година.

„По договорот на осомничените со образложение дека по отпочнување на законот се појавиле недоследности во примената на одредбите од законот како недостаток на временски период за подготовка и обучување на лицата во спроведување на пописот, Владата до Собранието предложила да престане да важи Законот за попис на населението во Република Македонија во 2011 година, па посредно преку парламентарните групи на 15 октомври 2011 година бил изгласан Закон со кој престанува да важи операцијата на попис на населението.“ изјави специјалната обвинителка Фатиме Фетаи.

https://www.facebook.com/civil.mk/videos/1595891813862615/

Фетаи истакна дека потрошените парични средства за спроведување на пописот до моментот на одложувањето кои се искористени за дотогашните обуки, техничка опрема и материјали, немало да претставуваат штета и истите би биле искористени во одложената пописна организација, но одлучиле дотогаш потрошените парични средства да ги „фрлат во вода“ и на тој начин го оштетиле Буџетот на Македонија за 175.123.909 денари.

Втората истрага, под името „Моќник“, е поради основано сомнение дека под влијание на моќен пратеник се распродавал имотот на државата, и општински имот на негови блиски луѓе преку преземање на измамнички дејствија кон советници од една општина.

Пратеникот во тоа време го навел градоначалникот да го изманипулира Советот на општина Македонски Брод и на неговиот татко, за да му го продаде објектот во село Ижиште во кое била сместена општина Пласница. Исто ги изманипулирал советниците и им рекол дека му е даден на 30 годишна концесија на таткото на пратеникот и дека сака таму да отвори приватен бизнис.

Откако за тоа дознал градоначалникот на општина Пласница, Исмаил Јајовски, побарал од Владата да се испита таа ситуација и комисијата утврдила дека се направени многу пропусти при продажбата и дека општината продала имот што припаѓа на државата. Пратеникот потоа, за да му се одмазди на градоначалникот, му испраќал инспекции во неговата компанија, а на судијата кој го судел случајот го лустрирал и му било забрането да ја врши дејноста.

Третата истрага „Актор“ се отвора поради сомнение дека е сторено кривично дело во постапка за јавна набавка за избор на најповолен понудувач за градење на автопатот Демир Капија – Смоквица.

„Дополнително во оваа истрага се отвора поради сомнение за перење на пари, кои фирмата добитник на овој тендер ги добила со злоупотреба во постапката за јавната набавка.“

Покрај тоа во овој предмет има сомненија и за перење пари што се спроведувало преку четири компании кои на своите вработени им исплаќале огромни плати, по што во Неготино биле претворени во евра и биле давани на рака на Грците. На овој начин се испрани 31.865.811 евра во период од 2012 до 2016 година.

Ангела Петровска

Tags: истрагаперење париСЈО
Share13TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ