• Latest

Акција – интеграција во Полошкиот регион

August 25, 2018

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Акција – интеграција во Полошкиот регион

August 25, 2018 12:37
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ одржа средба со градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, но и повеќе средби со граѓанките и граѓаните на Тетово, Врапчиште и Гостивар. По успешните средби со локалните власти, невладините, медиумите и граѓанките и граѓаните во Штип, Велес и Скопје, проектот Акција – Интеграција продолжи со несмалено темпо во Полошкиот регион. 

Тимот на ЦИВИЛ дистрибуира едукативни брошури за проектот „Акција-Интеграција“, Гостивар, 23 август 2018. Фото: Маја Ивановска/ЦИВИЛ

Граѓанките и граѓаните на Тетово, Врапчиште и Гостивар имаа можност на инфо-штандовите да се запознаат со проектот на ЦИВИЛ и да ги кажат своите мислења, ставови и идеи за да придонесат кон промовирање на европските вредности и зелените иницијативи. Во текот на наредните денови, почнувајќи од денеска, ЦИВИЛ МЕДИА ќе објави повеќе содржини што се однесуваат на ставовите, плановите, активностите и предизвиците пред општина Гостивар, вклучително и интервју со градоначалникот Арбен Таравари.

Голем интерес за средбата под мотото „Каква Македонија сакам?“ со градоначалникот Арбен Таравари и претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, во Гостивар, 23 август 2018. Фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ

На средбата под мотото „Каква Македонија сакам“ во Гостивар се обратија градоначалникот Арбен Таравари и претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала. Настанот предизвика голем интерес, судејќи по бројните новинарски екипи во општинската сала во Гостивар. На работилницата учествуваа претставнички и претставници на невладини организации од Гостивар и Тетово, членови на советот на општина Гостивар и заинтересирани граѓанки и граѓани. Акцент и на оваа работилница беше потребата да се разбере и дејствува во единство, во насока на зелените алтернативи, демократските реформи и антинационализмот. Во дебатата што се разви во Гостивар се слушнаа многу идеи, но се разви и сериозна, па и бурна дискусија за горливите теми во контекст на проектот. Освен тоа, стана збор и за граѓанското учество и донесувањето одлуки на локално и национално ниво тукму за зелените алтернативи, демократските реформи и европските вредности.

Тимот на ЦИВИЛ спроведе и анкета меѓу граѓанките и граѓаните на Тетово и Гостивар кои имаа свои видувања за тоа каква Македонија сакаат.

Анкета на улиците на Гостивар, 24 август 2018. Фото: Маја Ивановска/ЦИВИЛ

ЦИВИЛ го спроведува проектот Акција – Интеграција во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел од Германија. На средбите што ќе се одржат во Гостивар и Куманово, учесничките и учесниците имаат можност да разменат мислења, ставови и информации за важните општествени и политички прашања, слободно и без ограничувања.

Б. Јордановска

Насловна фотографија: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ

Tags: активностиакцијаАрбен ТаравариВрапчиштеГостиваринтеграцијаинфо-штандработилницаТетовоЦивилЏабир Дерала
Share45TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ