• Latest

АЛБАНСКИ МЕДИУМИ: Албанците се дискриминирани во Србија; 16.500 Албанци побарале азил во Европа и Британија во првите 6 месеци од годинава; Исмаил Кадаре доби косовско државјанство

September 8, 2023
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

АЛБАНСКИ МЕДИУМИ: Албанците се дискриминирани во Србија; 16.500 Албанци побарале азил во Европа и Британија во првите 6 месеци од годинава; Исмаил Кадаре доби косовско државјанство

September 8, 2023 10:15
in AL-PRESS, ВЕСТИ, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Националниот совет на Албанците во Прешевската Котлина, Невзад Лутфиу, побара од МВР на Србија преку симболична акција да се почитува Уставот за бројот на полицајци од албанската заедница, бидејќи, како што вели, последните години ниту еден Албанец не е вработен во српското МВР во прешевската котлина, пишуваат косовските медиуми.

Според извештајот на Агенцијата за азил на Европската унија (ЕУАА), објавен во средата, околу 16.500 Албанци побарале азил во Европа и Британија во првите 6 месеци од 2023 година, пишуваат албанските медиуми.

Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

СРБИЈА

Телеграфи -Симболична акција пред полициската станица во Бујановац, Лутфиу: Меѓународната заедница да внимава, Албанците се дискриминирани во Србија

Претседателот на Националниот совет на Албанците во Прешевската Котлина, Невзад Лутфиу, побара од МВР на Србија преку симболична акција да се почитува Уставот за бројот на полицајци од албанската заедница.

Во членот 77 од Уставот на Република Србија се вели: „Во однос на вработувањето во државните органи, јавните претпријатија, органите на покраината и локалната самоуправа, мора да се има предвид националниот состав и пропорционалната застапеност на националните малцинства“. Бројот на албански полицајци е многу мал, дури многу од нив се блиску до пензија“, напиша Лутфиу.

Тој понатаму рече дека во последните години, ниту еден полицаец  од албанската заедница, не е вработен во полиција.

Ја повикуваме меѓународната заедница да обрне внимание на состојбата на Албанците во Србија, бидејќи дискриминацијата ги достигна границите на расизмот“, напиша меѓу другото Лутфиу, пренесе Телеграфи.

КОСОВО

Радио Слободна Европа: Денеска истекува рокот за отстранување на српските институции од објектот во Северна Митровица

„Властите во Косово предупредија дека до 8 септември четири српски институции мора да го напуштат објектот во Бошњачкото маало, бидејќи припаѓа на општината Северна Митровица.

Заменик директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани, за Радио Слободна Европа изјави дека „засега немаме барање“ од општината да помогне во отстранувањето на овие институции од овој објект. Сепак, тој додаде дека полицијата е подготвена да ги извршува своите работни задачи по ова прашање во моментот кога ќе биде побарано.“, пренесе Радио Слободна Европа на албански јазик.

Коха: Дијалогот меѓу Косово и Србија е тема на разговор на средбата Лајчак-Пич

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, соопшти дека се сретнал со пратеникот на Велика Британија за Западен Балкан, Стјуарт Пич.

Тој во четвртокот вечерта на Твитер напиша дека е задоволство да се разговара со Пич за „напорите за дијалог“, пренесе Коха.

АЛБАНИЈА

Балкан Веб: Околу 16.500 Албанци побарале азил во Европа и Британија во првите 6 месеци од 2023 година

Според извештајот на Агенцијата за азил на Европската унија (ЕУАА), објавен во средата, во периодот јануари-јуни 2023 година, во земјите на Европската унија, албански државјани поднеле 4779 барања за азил, од кои 3602 за првиот време .

Според Европската агенција за азил, 3444 поднесени барања и во текот на другите години чекаат да бидат разгледани, додека од 4642 донесени решенија, стапката на позитивни одлуки е многу ниска за албанските граѓани и не надминува 1%, пренесува Балкан Веб.

КУЛТУРА

Зери: Османи му го врачи указот за косовско државјанство на Исмаил Кадаре

Претседателката на Република Косово, Вјоса Османи, за време на престојот во Албанија, му додели указ и државјанство на Косово на меѓународно познатиот албански писател Исмаил Кадаре.

За време на церемонијата, таа рече дека добивањето државјанство од авторот, преведено на многу јазици во светот, е чест за сите граѓани на Косово, пренесе Зери.

КОЛУМНА

Бота Сот: Политиката во Албанија е измама, корупција, омраза и предавство

„Албанската политика е политика на антивредности, таа е антипатриотска, антидемократска, неморална, предавничка, лицемерна, измамничка која промовира сервилност, себичност, корупција, омраза и неодговорност.

Политика која страда од комплексот на инфериорност до тој степен што штом албанските политичари ги реализираат сопствените цели и интереси, штом се искачат и стигнат до врвот на политиката и моќта, ги напуштаат, забораваат и игнорираат своите лојалисти и поддржувачи кои ги поддржуваа нив и го поддржуваа во деновите кога толку им требаа“, пишува авторот Скендер Капити во колумната „Политиката во Албанија е измама, корупција, омраза и предавство“, објавена во Бота Сот.

Подготви: Д. Тахири

 

Tags: албански медиумиизборрегион
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ