„Предвремените парламентарни избори се одржаа пред четири месеци. Сите анализи покажуваат дека кризата негативно се одразува врз стопанството, забележан е пад на порастот на БДП, зголемен е фискалниот притисок, расте несигурноста и неизвесноста во приватниот сектор, се намалуваат инвестициите, а негативен е и порастот на одобрување на кредитите“, истакна денеска германската амбасадорка во Македонија, Кристине Алтхаузер. Таа денеска, присуствуваше на презентацијата на Македонско-германското стопанско здружение каде беа претставени резултатите од работењето во изминатата година.
„Решението за политичката криза во Македонија е на маса. Потребна е политичка волја за тоа да биде спроведено. Потребно е парламентот да биде кооперативен, да се организира самиот да избере претседател, а потоа, да се избере и влада која ќе може да делува. Тоа е редоследот, возниот ред, не само за доброто на политиката, туку и за доброто на сите, економијата, општеството, граѓаните“, смета Алтхаузер.
Според германската амбасадорка, решението на кризата во однос на економијата е веќе задоцнето.