Амбасадорот на Големото Војводство Луксембург во Скопје, Белград, Тирана, Подгорица и Сараево, Филип Донкел се обрати на сесијата „Искоренување на корупцијата преку политики за добро владеење и реформа на правосудството“ во рамки на Преспа форумот за дијалог во Струга.
Ова е генерација на промени. Треба да се смени размислувањето, ставот на младите лица, бидејќи оние што се корумпирани не треба да се слават. Треба младите да сфатат дека не е добро да бидат вклучени во таквите лоши активности. Добро е да се борите против корупцијата, да се работи како заедница, а не само да се гледа сопствената корист, истакна Донкел во своето обраќање.
М. Д.